Публикации на комората
Образование
13.01.2023
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА КОМПАНИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИ
Човечкиот капитал игра клучна улога за развојот на компаниите, како и за зголемување на нивната продуктивност и за извозниот потенцијал. Но анализите на Стопанската комора покажуваат дека македонската економија страда од недостиг на стручен кадар, што го потврдија 65 % од компаниите, а 80 % од кадарот е долгорочен поради неусогласеноста на вештините што се бараат и што се нудат. Ваквата состојба ја наметна потребата да се зајакне соработката меѓу образовните институции и реалниот сектор во процесот на подготовка на младите лица според потребите на пазарот на трудот.
22.07.2022
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ВЕРИФИЦИРАНИ КОМПАНИ И СРЕДНИ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
Системот овозможува транспарентност, брза комуникацијата и подобрена соработка меѓу сите чинители.
09.02.2022
УПАТСТВО ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА
Упатството е изработено од работната група за учење преку работа, на иницијатива на Стопанската комора на Северна Македонија, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation).
01.02.2022
ВОДИЧ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА НОВА КВАЛИФИКАЦИЈА
Соодветно квалификуваната работна сила е важен фактор за конкурентноста и за продуктивноста на претпријатијата, како и нивниот потенцијал да внесуваат иновации, како одговор на нови и развојни барања за производи и за услуги.