„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

  • Дома
  • За нас
  • Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

Образование

team-2

21.12.2021

КОНЦЕПТ ЗА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПРОГНОЗИРАЊЕТО ЗА ПОТРЕБНИТЕ ВЕШТИНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ


За да се поддржи забрзаниот економски развој, кој треба да придонесе земјата да излезе од групата на земји во развој и понатаму да се доближува кон нивоата на земјите од Европската Унија, неопходно е да се обезбеди ефикасен одговор на побарувачката на вештини на пазарот на трудот со соодветна понуда. Неопходно е да се оформи кохерентен систем на информации потребни за следење и за прогнозирање на понудата и на побарувачката на вештини на пазарот на трудот. 

team-2

30.07.2021

АНАЛИЗА НА ПОНУДАТА И НА ПОБАРУВАЧКАТА НА ВЕШТИНИ ВО ПЕТ ПЛАНСКИ РЕГИОНИ


Економска основа за воспоставување регионални центри за стручно образование и обука

Оваа анализа е подготвена за потребите на Министерство за образование и наука, како дел од активностите на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и за соработка. 

team-2

29.07.2021

СИНЕРГИЈА НА ПАРТНЕРИТЕ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Ако брзиот технолошки развој го менува светот, тогаш образовниот систем треба во чекор да ги следи промените и да произведува млада популација со соодветни вештини и знаења, која ќе биде препознаена на пазарот на трудот, ќе може бргу и лесно да се вклучи во современите економски текови и ќе заработува во технолошки напредна и светски компетитивна економија.

Праксата покажува поинаква слика ... 

team-2

18.03.2021

ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ


  • Досегашните ефекти покажаа дека образованието не подготвува релевантен стручен кадар кој ќе може веднаш да се вклучи во работните процеси.
  • Недостигот на вештини и на компетенции е еден од клучните проблеми за продуктивноста и за ликвидноста на компаниите.
  • Неусогласеноста на понудата за вештини и компетенции со потребите на реалниот сектор е ограничувачки фактор за конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународниот пазар.
  • Младите лица не поседуваат трансверзални вештини.
  • Уписната политика не ги следи потребите на реалниот сектор на локално и на регионално ниво.
  • Компаниите вложуваат дополнителни средства за обука на лицата кои се вработуваат.

 


Контакт лице: Стево Серафимов

Телефон: + 389 2 3244032,
Мобилен: 072 236 484
Е-адреса: stevo@mchamber.mk