„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Покровителства

Покровителство на Стопанската комора на Северна Македонија

Преку пакет активности Комората има за цел да им понуди на членките повеќе видови на услуги кои би ги користеле континуирано во подолг временски период. Со тоа на членките ја ставиме на располагање, кадровска и техничка инфраструктура на Комората за развој на нивниот бизнис.

Во зависност од потребите на компаниите, Стопанската комора на Северна Македонија изгради професионален систем на покровителства. Секое од различните типови на покровителства содржи услуги и овозможува креирање на активности во насока на афирмирање на компаниите, реализирање промотивни и други видови настани за нивна афирмација и вмрежување со други компании во државата но и на регионално и меѓународно ниво. За таа цел креиравме:

  • Силвер покровителство
  • Стандард покровителство
  • Стандард плус покровителство
  • Премиум покровителство
  • Златен покровител

Силвер покровителство

Во ситемот на услуги вградени во силвер покровителството на компаниите им нуди можност за вмрежување и поврзување со домашнии странски компании, стручно оспособување на вработените и нивно активно вкучување во проектни активности, консалтниг услуги и стручна правна помош, услуги на подобрување на квалитетот на производите и развој на своите членки за подобрување на оперативните и финансиските перформанси.


Стандард покровителство

Преку стандард покровителството Комората креираше  ланец  на услуги  каде креативноста, сигурноста и интегритетот се  заштитен знак на Комората во  секој аспект од работата. Покрај можноста за стекнување на нови конекции и партнери, на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.Компаниите имаат можност за користењена најдобрите светски практики и модерни менаџмент и консултантски услуги.


Стандард плус покровителство

Содржината на услугите покрај реализација на: презентации, работилници, комуникациски и маркетинг активности, дистрибиција на промовитивни материјали и средства, размена на најдобри пракси, бизнис форум и иницијативи, вклучува и услуги како што се: помош во зголемување на конкурентноста на компаниите, особено на оние кои се извозно ориентирани, едукација на човечки ресурси во доменот на дигитализација;лобирање за главните прашања кои го засегаат  бизнисот на Покровителот , креирање на вредности преку подршка во делот на стратегиски планови, бизнис планови и маркетинг планови, кои се неминовни компоненти од процесот на креирање, растење и развивање на компаниите.


Премиум покровителство

Премиум покровителството преставува  комплетен пакет на услуги  кој е се попрепознаен од бизнис заедницата. Стучниот тим на Комората активно е вклучен во обезбедување на консултации во доменот на оптимизација на работните процеси, воведување на дигитализацијата во нивното работење, создавање и одржување на деловна мрежа со други  компании, здруженија и институции во земјата и во странство,  промовирање на производи и услуги на компаниите  како и можност за брендирање  на сопствени или заеднички настани каде од исклучителна важност е логистичка поддршка од страна на коморски тим и професионлното организирање на големи промотивни настани и разни манифестации


Златен покровител