Регионалните комори се облик на територијално организирање и работење во рамките на Комората преку чие функционирање се обезбедува разгледување и на прашања од особено значење за регионот за чие подрачје е организирана и нивно доставување до органите на Комората.
Регионалната комора може да се организира за две или повеќе општини, а одлука за нејзино организирање и дејствување се донесува врз основа на поднесена иницијатива од одделни стопански субјекти – членови на Комората од соодветниот регион за кој е организирана.
Во рамки на Комората се организирани 16 регионални комори, а активни се 5 регионални канцеларии.