„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Центар за едукација и развој на човечки ресурски

  • Дома
  • Услуги
  • Центар за едукација и развој на човечки ресурски

Центар за едукација и развој на човечки ресурси

Во Комората  активно функционира „Центарот за едукација и развој на човечки ресурси", којшто препознавајќи ја потребата на компаниите од дополнителна едукација, организира низа едукативни настани, семинари, обуки, презентации, советувања и работилници се со цел да го подигне нивото на свест кај носителите на стопанството во нашата земја за професионално обучени кадри.

Центарот за едукација го поттикнува претприемачкиот дух, конкурентноста и професионалноста во бизнис секторот, придонесува постоечките компании да се развиваат во духот на европските трендови во рамките на стопанското работење, што пак директно се рефлектира на економијата во целина и придонесува нашата земја преку бизнис секторот да биде рамноправен член  на  европското економско работење и конкурентност.

За таа цел, Ве покануваме континуирано да ги следите нашите едукативни настани и активно да завземете учество на истите, се со цел заеднички да напредуваме, бидејќи тоа е највозбудливиот дел од нашето секојдневие.


Контакт лице: М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова

Телефон: + 389 2 3244074
Е-адреса: beti@mchamber.mk