e-ATA карнет – информации за корисници

Во тек е глобалниот процес на дигитализација на ATA карнет системот, при што сè поголем број земји преминуваат кон дигитално спроведување на е-ATA карнет како дополнување на постојниот хартиен систем.
Во транзицискиот период кој ќе трае до 31.12.2027 година, хартиените и дигиталните ATA карнети ќе се користат паралелно, во зависност од дигиталната подготвеност на земјите вклучени во патувањето. Во Стопанската комора нa Северна Македонија, ATA карнетите продолжуваат да се издаваат во хартиена форма.
Сепак, компаниите и корисниците кои патуваат во земји каде што е воведен e-ATA системот треба навремено да се запознаат со новите процедури и со барањата за користење на дигиталниот ATA карнет, согласно правилата што ги применува конкретната земја на пристигнување.
Важно:
Хартиените ATA карнети продолжуваат да важат и да се користат согласно постојните правила до истекот на нивната важност. Постепениот премин кон целосно дигитален систем ќе се одвива во рамки на глобалниот транзициски процес.
Како се користи ATA карнетот во транзицискиот период?
Сценарио 1: Патување меѓу земји кои користат хартиен ATA карнет
Во случај кога и земјата на извоз и земјата на привремен увоз користат хартиени ATA карнети, се користи само хартиениот ATA карнет.
|
Земја
|
Постапка
|
|
Северна Македонија
|
Извоз со хартиен ATA карнет |
|
Србија
|
Увоз со хартиен ATA карнет |
|
Северна Македонија
|
Повторен увоз со хартиен ATA карнет |
Царинската постапка останува иста како и досега.
Сценарио 2. Патување од „хартиена“ во „дигитална“ земја
При патување во земја која применува e-ATA процедури, корисникот може да има потреба од користење и на дигиталната верзија на ATA карнетот преку ATA Carnet App или ATA Carnet Desktop, согласно процедурите и барањата на земјата на пристигнување.
|
Земја
|
Вид на постапка
|
|
Северна Македонија
|
Увоз со Хартиен ATA карнет |
|
Грција, Германија итн
(земји со e-ATA процедури)
|
Извоз со Дигитален ATA карнет (e-ATA) |
Важно:
Корисниците на ATA карнети издадени во Северна Македонија, кои патуваат во земји со воведен e-ATA систем, треба навремено да се информираат за потребните активности и можноста за користење на . ATA Carnet App и ATA Carnet Desktop.
Сценарио 3. Патување со повеќе земји (хартиени и дигитални процедури)
Доколку патувањето опфаќа повеќе земји со различен степен на дигитализација, корисникот треба однапред да ги провери барањата и процедурите на земјите низ кои патува.
|
Земја
|
Постапка
|
|
Северна Македонија
|
Хартиен ATA карнет |
|
Бугарија
|
e-ATA процедура |
|
Турција
|
Хартиен ATA карнет |
|
Северна Македонија
|
Хартиен ATA карнет
|
Во вакви случаи, корисникот треба да биде подготвен за примена на различни постапки во зависност од земјата.
За дополнителни информации и насоки, Бизнис канцеларијата при Стопанската комора на Северна Македонија стои на располагање на сите корисници на ATA карнети
Стопанската комора на Северна Македонија подготви ПРИРАЧНИК за користење дигитален e-АТА карнет, истиот можете да го преземете ОВДЕ
СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ БЕЗ ГРАНИЦИ - АТА КАРНЕТ
АТА-карнетот е меѓународен царински документ што покажува како може блиската соработка меѓу бизнисот и царината да доведе до функционална надворешна трговија.
АТА-карнетот е меѓународен царински документ што дозволува привремен увоз на стоки без царина и даноци за период до една година. Содржи претходно изготвени унифицирани обрасци од царински декларации што се користат на секоја гранична царинска испостава и служи како гаранција за царините и даноците. Иницијалите „АТА“ се скратеница од француските и од англиските зборови „Admission Temporaire/Temporary Admission“.
Накратко, АТА-карнетот ОЛЕСНУВА, ПОЕДНОСТАВУВА, ГИ НАМАЛУВА ТРОШОЦИТЕ и е БЕЗБЕДЕН.
АТА-картнетите ги намалуваат бирократските пречки преку поедноставување и унифицирање на царинските прописи за привремен увоз и извоз.
Без АТА-карнетот, привремениот влез на стоки би налагал да се поминуваат царинските постапки што секоја земја ги има поставено:
- една царинска декларација за секое поминување на границата,
- една кауција за царински давачки и даноци на секоја граница (готовина, банкарска гаранција...).
Со АТА-карнетот, излагачите, продавачите, уметниците, спортистите, телевизиските екипи, техничките стручњаци, учесниците на настани и луѓето на службени патувања може:
- да поминуваат царина без да плаќаат увозни давачки, даноци на секоја царинска испостава на граничните премини,
- да користат единствен унифициран документ за сите декларации дома и во странство,
- да користат еден документ за повеќе дестинации и патувања во рамки на таа една година важност,
- однапред да склучат царински договори со претходно определени трошоци.
АТА-карнетите покриваат речиси се', меѓу кои и:
- стоки за трговски саеми, приредби, изложби,
- професионална опрема,
- комерцијални примероци,
- лични нешта и стоки за спортски намени.
- Плаќањето царински давачки и даноци и приложувањето залог обично се врши за време на увозот во секоја поединечна земја што се посетува (ова може да биде гаранција за привремен увоз, готовинска уплата за царински давачки/даноци или капитал на чување кај странска царина). Исто така, можно е да има потреба од носење големи суми на девизи.
- Се пополнува документација на секој царински премин дома и во странство, што води до неизбежни јазични бариери, подолго време за обработка и поголеми шанси за грешки при обработката.
- Се потпишува мноштво документи, декларации и спогодби за секоја земја што се посетува, секоја со различни правила, различно дозволено време и разни други услови.
- Секоја царина има посебни давачки и безбедносни барања што може да доведе до дебела цена за плаќање штом сe' се собере.
Штом се стекнете со АТА-карнетот, ќе добиете различно обоени листови хартија и посебни комплети од т.н. талони и купони. Талоните играат улога на потврда за влез и повторен извоз во странски земји и остануваат кај странските цариници. Купоните добиваат печат од странските царински служби и служат како потврда за носителот на карнетот.
Посебните бои ви укажуваат кој треба да го изврши соодветниот талон и купон, дали царината при привремен влез (бела) или царината при извоз (жолта). Понекогаш ќе имате сини листови ако само треба да преминете (транзит) низ територијата на некоја царина.
Не заборавајте да го прикажете АТА-карнетот на царината штом поминувате граница и пополнете ја декларацијата. Има неколку правила што треба да се следат за да се избегнат давачки и побарувања:
- вратете ја стоката во вашата земја во истата состојба како што ја напуштила,
- погрижете се да не оставите или измените нешто во странската земја,
- почитувајте го рокот на важност на вашиот карнет и крајниот рок за повторен увоз и повторен извоз што ви го дале царинските власти дома и во странство,
- исто така, следете ги упатствата што ќе ви ги даде издавачот на АТА-карнетот.
- АТА карнети издава и заверува Стопанската комора на Северна Македонија која од 1 јули 1998 година стана 54-ти член на гарантниот синџир формиран врз основа на АТА-карнети во Меѓународното биро на стопанските комори во Париз.
- Истите се прифатени во околу 80 земји/царински територии, а се издаваат на ниво на држава.
- За издавање на АТА карнет потребно е да регистрирате и поднесете барање преку новиот дигитален портал на Стопанската комора на Северна Македонија.
- По поднесувањето на комплетирано барање, карнетот се издава во рок од два дена, со минимум трошоци и формалности.
Упатството за користење на АТА карнетот може да го симнете на следниот линк или да го скенирате то Вашиот паметен телефон
Упатство за користење на АТА Карнет
Доколку сакате, можете да направите и пресметка на потребниот износ за користење на АТА Карнетот на следниот линк:
* НАПОМЕНА: По доставеното Барање од Ваша страна,официјална пресметка за уплата на надоместокот за изработка на АТА карнетот ќе биде испратена на Вашата регистрирана електронска адреса.
* * Според Процедурите на Стопанската комора на Северна Македонија за приложување на гаранција/депозит за издавање на АТА карнет од 01.11.2007 година, подносителот е должен да депонира финансиска гаранција во висина од 1/3 (една третина) од вкупната вредност на опремата прикажана согласно поднесокот за издавање на АТА карнетот. Откако АТА карнетот ќе биде регуларно искористен со сите печати од Царината на РСМ и царините на странски земји, истата се ослободува и враќа на депонентот.
ВАЖНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА АТА КАРНЕТ
За правилно користење и раздолжување на АТА карнетот, имателот е должен да води сметка за правилно спроведување и евидентирање на царинските постапки при секое патување со стоката наведена во карнетот.
1. Заверка на АТА карнетот при првото користење
При првото користење на АТА карнетот, потребно е да се обезбеди соодветна заверка од Царинската управа на Република Северна Македонија на предната корица на карнетот.При секој привремен извоз, потребно е да се спроведе соодветната царинска постапка и да се обезбеди царинска заверка за привремен извоз на стоката од Република Северна Македонија.
2. Царински заверки при секое патување
Имателот на АТА карнетот треба да се погрижи карнетот да биде презентиран и соодветно заверен од надлежните царински органи при секој привремен извоз, привремен увоз, повторен извоз, повторен увоз и транзит, во зависност од патувањето и царинската постапка.Особено е важно при враќањето на стоката во Република Северна Македонија да се обезбеди соодветна царинска заверка за повторен увоз, со што се потврдува враќањето на привремено извезената стока. Имателот треба да провери дали потребната царинска заверка е извршена пред напуштање на царинскиот премин.
3. Почитување на роковите
Имателот треба да води сметка за:
- рокот на важност на АТА карнетот;
- рокот за повторен извоз на стоката, доколку таков рок е определен од царинскиот орган на земјата на привремениот увоз.
Важно е да се прави разлика помеѓу овие два рока.Рокот определен од странскиот царински орган може да биде пократок од рокот на важност на АТА карнетот и истиот задолжително треба да се почитува. По завршувањето на користењето, АТА карнетот треба да се врати во Стопанската комора на Северна Македонија за негово раздолжување.
4. Повторно користење на АТА карнетот и дополнителни листови
АТА карнетот важи една година од денот на издавање. Во рамките на периодот на важност, истиот АТА карнет може да се користи за повеќе патувања, исклучиво за стоката/опремата наведена во Општата листа на карнетот.
Пред секое наредно патување потребно е навремено да се провери дали карнетот располага со доволен број соодветни листови за планираните царински постапки:
- жолти листови – за привремен извоз и повторен увоз во Република Северна Македонија;
- бели листови – за привремен увоз и повторен извоз во земјата на привремениот увоз;
- сини листови – за транзитни царински постапки, кога тие се потребни.
Доколку се потребни дополнителни листови за наредно патување, тие треба да се обезбедат преку Стопанската комора на Северна Македонија пред патувањето и се наплаќаат дополнително согласно важечкиот Тарифник на Комората.
Важно: Дополнителните листови служат за повторно користење на карнетот за стоката која веќе е опфатена со неговата Општа листа. Во веќе издаден АТА карнет не може дополнително да се внесува нова стока/опрема која не е наведена во Општата листа.
5. Користење на АТА карнетот во хартиена форма
Во Република Северна Македонија АТА карнетот во оваа фаза се користи во хартиена форма. Поради тоа, пред секое наредно патување, имателот треба навремено да провери дали располага со потребниот број физички листови (ваучери и соодветни контролни талони) за сите планирани царински постапки.
Напомена: Република Северна Македонија во моментов го применува АТА карнетот во хартиена форма. До целосното воведување на e-ATA системот во националните царински постапки, имателите треба да обезбедат доволен број физички листови за секое планирано патување.
Со постепеното воведување на e-ATA системот, начинот на користење на карнетот ќе се приспособува на фазата на имплементација во Република Северна Македонија, како и во земјите во кои АТА карнетот се користи.
ВАЖНО: Уредно спроведените и заверени царински постапки во АТА карнетот претставуваат доказ за правилното користење на карнетот и движењето на стоката.Недостигот на потребна царинска заверка, непрезентирањето на карнетот пред надлежниот царински орган или непочитувањето на определените рокови може да доведе до дополнителни постапки, потреба од дополнително докажување на повторниот извоз/увоз и евентуални царински побарувања.
Законска основа: Согласно член 153 став (1) од Царинскиот закон:„Царинскиот орган го определува рокот во кој увозната стока мора да биде повторно извезена или за неа да биде одредено ново царински дозволено постапување или употреба на стока. Тој рок мора да е доволно долг за да се исполни целта на привремениот увоз.“
Стопанска комора на Северна Македонија
Бизнис канцеларија – АТА карнет
Информацијата е подготвена како практично упатство за корисниците на АТА карнети, согласно важечките царински прописи и правилата на меѓународниот АТА систем.
Моб: 070 230 964
Тел: ++ 389 2 3244072
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: elida@mchamber.mk
Тел: +389(02) 3244039
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: gorazd@mchamber.mk
Тел: +389 (02) 3244049
Мобилен: +389 71 382 189
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Suzana.Ilieska@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Прогресив Академија