„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
КОЛЕКЦИЈА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Не е многу вообичаено на нашите простори за уметноста да се грижи некоја институција која не и припаѓа на културата, а уште помалку да создава збирка на ликовни дела , а не е ниту музеј, ниту галерија. Нормално е да, зад секоја збирка уметнички дела стојат некои ентузијасти, вљубеници во уметноста, луѓе со јасна цел, кои ги собираат уметничките дела, ги селектираат и ги следат движењата во ликовната уметност, и по свој афинитет, ја градат збирката. Такви луѓе иницијатори за постоењето на оваа збирка ликовни дела, имало и се уште има во Стопанката комора на Македонија. Почетоците на оваа збирка ликовни дела датираат од 1965 година. Како јадро околу кое се формираше сегашната збирка беа делата на великаните и основоположниците на македонската современа ликовна уметност, сликарите Личеноски, Мартиновски, Пандилов, Коџоман и други.
Проширувањето и збогатувањето на збирката го чинат делата на средната и помладата генерација ликовни творци, меѓу кои спаѓаат: Петлевски, Корубин, Кондовски, Мазев, Гуте, Ташковски, Манев, Кал’чев и други. Денес оваа збирка брои на над педесет слики во маслена техника и бројни цртежи, акварели и графики од сите генерации македонски ликовни уметници.
Овие дела не се заробеници ма музејските и галериските депоа. Тие „живеат“ на ѕидовите во просториите на Комората, го облагородуваат просторот и имаат постојан дијалог со вработените и со посетителите во оваа институција. Сликите се први што ги „поздравуваат“ посетителите. Тие сами воспоставуваат дијалог со гледачот и од тие причини , обично се поставуваат на највидни места. Уметничките дела умеат потсвесно да зборуваат за себе, за авторот и за својот сопственик и вршат мисија на амбасадори на доброто расположение и благодарноста.
Токму од тие причини, иницијативата на Стопанската комора на Македонија е корисна и исто толку благородна, значајна за развивањето на ликовната уметност и ширењето ликовната култура во Македонија.
Композиција, 1966 масло на платно (149х95)
Берба на памук, 1957 масло на платно (57х76)
Св.Стефан, 1997 масло на платно (54х74)
Каменоресци, 1936 масло на платно (46х63)
Непозната присутност, 1995 масло на платно (115х145)
Мртва природа (мандолина и лубеница), 1997 масло на платно (50х60)
Мртва природа (со лубеница и лимон), 1995 масло на платно (50х60)
Џамадан, 1994 масло на шперплоча (67х55)
Мртва природа, 1994 масло на шперплоча (57х71)
Мртва природа, 1999 масло на платно (95х125)
Композиција 140295, 1995 масло на платно (61х50)
Пазар во Скопје, 1954 масло на платно (53,5х62)
Композиција, 1956 литографија (30х25)
Стара куќа, 1949 цртеж - туш (32х47)
Матка, 1959 цртеж - туш (45х30)
Кумир, 1994 масло на платно (58х75)
Мртва природа (Ваза со цвеќе), масло на платно (47х68)
Мртва природа, масло на платно (54х65)
Композиција, масло на платно (80х100)
Композиција IV, 1971 масло на платно (90х68)
Без наслов, 1974 масло на платно (41х57)
Пејзаж, масло на платно (56х66)
Три мајмуни, 1995 масло на платно (65х80)
Ваза со жолто цвеќе, масло на картон (55х70)
Композиција, 1971 масло на платно (111х120)
Девојче - циганче, 1961 масло на платно (68х56,5)
Мементо на стариот охридски чун, 1993 масло на платно (120х120)
Мртва природа, 2000 масло на платно (55х65)
Композиција, 1975 масло на панел (80х80)
Македонски вез, 1991 масло на платно (90х70)
Мртва природа (котле и аван), 1995 комбинирана техника (42х62)
Посвета на мајка ми, 1969 масло на платно (120х100)
Коњи, 1997 масло на платно (65х100)
Магична игра, 1996 скулптура во бронза (26х12х12)
По бањање, 1962 скулптура во бронза (30х27х15)
Св.Наум Охридски, 1988 скулптура во бронза (60х25х21)
Ребро на реката, 1960 масло на шперплоча (70х55)
Ирационална вистина, 1995 масло на платно (100х80)