„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Организирање настани во Комората

Изнајмување на сали за состаноци

БИЗНИС И КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР

Конгресниот центар при Стопанската комора на Македонија се состои од 5 сали за состаноци со различен капацитет (од 10 до 180 посетители). Салите се опремени со презентациска опрема (UHD ЛЦД ТВ, лаптоп, платно, табла за пишување), а сите сали се опремени со безжичен интернет и со клима-уреди.


КОНГРЕСНА САЛА

Најголема сала во Стопанската комора на Македонија, со максимален број на посетители (180 места за седење).

Салата е опремена со најсовремен пиксел панел, со висок квалитет и димензии од 3,9 м широчина и 2 м височина.

Поседуваме систем за симултан превод и опремена соба за преведувачи.

Опремата ја раководи наше техничко лице.


ДИПЛОМАТИК САЛА

Најмодерно опремена сала во Стопанската комора на Македонија, со 26 + 8 места за седење.

Салата е опремена со два 80 инчи ТВ ЛЦД со UHD квалитет. Поврзувањето со презентациската опрема може да се изврши од секој дел на салата.


РАБОТНА САЛА (5 кат)

Салата се наоѓа на 5 кат и има простор за 50 гости.

Салата е опремена со проектор со безжична врска и автоматизирано платно со широчина од 2,6 метри.

Салата е опремена со аудио опрема (два микрофони, миксета и звучници).


РАБОТНА САЛА 1 (4 кат)

Салата е опремена со маса за состаноци и 10 места за гости.

Салата може да се опреми со презентациска опрема на ваше барање.


РАБОТНА САЛА 2 (4 кат)

Салата е опремена со маса за состаноци и 15 места за гости.

Салата е опремена со ТВ ЛЦД со големина од 55 инчи.


КЛУБ САЛА

Салата се наоѓа на 5 кат, опремена со клуб столици и масички, кое придава опуштена работна атмосфера за вашите состаноци

Опремена е и со CLASUS интерактивна табла за обука на вашите клиенти.



Контакт лице: Дени Петрески

Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Deni@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015