„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Начинот на кој можете да станете членка на Стопанската комора на Северна Македонија, а истовремено и регистриран корисник на веб-порталот е преку пополнувањето на пристапница дадена во прилог.
Со уплаќање на коморски придонес, станувате член на Стопанската комора на Северна Македонија . Висината на чланарината е определена со акт на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија во прилог
Со секоја Ваша испратена регистрација ќе бидете контактирани од вработените во Стопанската комора на Северна Македонија за дополнителни информации за користењето на коморските услуги, правата и бенефициите од членството.
Ви благодариме за интересот и Вашата одлука да станете дел од семејството членки на најстарата и најбројна бизнис асоцијација во Република Северна Македонија - Стопанската Комора на Северна Македонија, со надеж дека ќе ги исполниме Вашите барања.
Согласно Законот за заштита на лични податоци на субјектот кој ги доставува своите лични податоци во Комората имате право да поднесете барање за бришење или измена на Вашите лични податоци.