„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Професионални лекторски услуги за бизнисот и науката

  • Дома
  • Услуги
  • Професионални лекторски услуги за бизнисот и науката

Професионални лекторски услуги за бизнисот и за науката

Содржината е важна, но изгледот на документот влијае врз начинот на кој другите донесуваат заклучоци за него. Аристотел рекол: „За да пишуваш добро, изразувај се како обичните луѓе, но мисли како мудрец“. Додека напорно работите за да ги развиете и за да ги претставите своите идеи, анализи, научни трудови, говори, рекламни пораки, вие не се грижите за грешките што го одвлекуваат читателот или, пак, слушателот од тоа што имате да кажете. Вреди да се посвети внимание на детали што ви помагаат да оставите добар впечаток. Дозволете за тоа да се погрижат професионалци, кои на вашиот пишан збор ќе му го дадат потребното освежување. 

Стопанската комора на Македонија ја нуди најдобрата услуга во лекторската работа за македонски јазик, обезбедувајќи лесна комуникација за писмениот концепт од писателот до читателот.

Да го направиме вашиот следен проект подобар! 
 

Видови лектура:

• Основна лектура – коригирање според Правописот и според нормата за стандардна лексика;
• Лектура и јазична редакција – покрај основната лектура, опфаќа и изнаоѓање терминолошки решенија во консултација со авторот и
• Лектура со јазична редакција и со стилизација – покрај горенаведените, опфаќа и обезбедување проодност на текстот во согласност со автентичниот стил на авторот (во консултација со него)

-> можност за избор на пакети со годишни претплати

Тарифник (линк)


Контакт лице: м-р Наташа Јаневска

Телефон: +389 (02) 3244045
Мобилен: 072 204 860
Е-адреса: natasa.janevska@mchamber.mk