„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Регионална комора со седиште во Прилеп

Регионалната комора Прилеп

Регионалната комора Прилеп е една меѓу шестнаесетте регионални комори, која работи во составот на Стопанската комора на Македонија. Основана е во 1996 година и е наследник на Територијалниот одбор на Стопанската комора на Македонија, формиран во 1992 година за регионот.

Регионалната комора Прилеп е облик на територијално организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку чие функционирање се обезбедува децентрализација на коморските задачи и активности и самостојно одлучување на членовите на Комората за работите и задачите од особено значење за регионот кој ги опфаќа општините: Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.

Основните цели и задачи на Регионалната комора се:

разгледува прашања во врска со унапредувањето на производството, прометот и стопанските услуги и со тековните проблеми на стопанството за регионот за кој е организирана;
- го реализира децентрализирањето на коморските задачи и активности во рамките на регионот;
- разгледува предлози и иницира донесување на акти од надлежност на органите на Комората;
- разгледува прашања и иницира предлози за развој на претприемништвото во регионот; - активно придонесува при утврдувањето на развојните и структурните приоритети на регионот, особено во конципирање ставови и предлози за стопанисување со просторот, екологијата, развојот на стопанската инфраструктура (локални патишта, енергетика, комунални работи, транспорт и сл);
- иницира постапки за донесување на прописи и мерки од областа на стопанството, од интерес за стопанството во регионот за кој е организирана или за стопанството во земјата;
- врши деловно-стручни и други услуги од сферата на инфраструктурата што е од интерес на стопанството во регионот;
- иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес со членовите на Комората од соседните региони или со регионални комори од другите земји, во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
- ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси меѓу членовите на Комората во регионот;
- врши други работи од интерес на членовите, во рамките на надлежностите на Комората

 

Ø  Никола Мариновски,Претседател, ТД „Кули“ ДООЕЛ

Ø  Ирена Јакимовска, Заменик претседател , „Комфи Ангел“ ДОО

Ø  Сашко Самарџиоски, Заменик претседател, „Прилепска пиварница“ АД Прилеп

Ø  Илија Наумоски, „Витаминка“ АД Прилеп

Ø  Зоран Пачешкоски, „Тутунски комбинат“ АД Прилеп

Ø  Дарко Николоски, „Мермерен комбинат“ АД Прилеп

Ø  Ѓорѓи Китаноски, „Крин КГ“ ДОО

Ø  Звонко Ѓорѓиоски, „МИП Марфил“ ДООЕЛ

Ø  Тони Тарунџиоски, „Футура“ ДОО

Ø  Влатко Шејкероски, ТД „Хатра“ ДООЕЛ

Ø  Стевчо Димески, „Стопанска банка“ АД Скопје

Ø  Марија Спасиќ-Тренкоска, „Комерцијална банка“ АД Скопје

Ø  Ефтимиос Василополус,„Васидора“ ДООЕЛ

Ø  Тони Златески, „93 ДЕ-НИ компани“ ДООЕЛ

Ø  Сашо Иваноски,печатница „Гинис“ ДОО

Ø  Христијан Петрески, „Агроинвест“ ДОО

Ø  Гоце Ѓорѓиоски, хотел„Салида“ ДОО

Ø  Костадин Зероски,„Ники комерц“ ДООЕЛ

Ø  Горан Цуцулоски, „Кривогаштани промет“ ДООЕЛ

Ø  Милан Биќанин,„Бимфуд“ ДОО

Ø  Кире Ристески,„Викели“ ДООЕЛ

Ø  Дино Москов, „Тиквеш МД груп“ ДООЕЛ

Ø  Светлана Ристеска, неделен весник „Зенит плус“ ДООЕЛ

Ø  Рубин Абрашоски, ЈКП Комуналец – Прилеп

Ø  Игор Гулабоски, ЈКП Водовод и канализација – Прилеп

Ø  Даниела Перканоска, „Автоконтрол“, сервис и технички преглед

Ø  Филип Димитриески, „ВИК Македонија“ ДООЕЛ

Ø  Васил Костовски, „Гентерм“ ДООЕЛ

Ø  Борче Веселиноски, фарма „Долнени“

Ø  Филип Петрески, „Техномото“ ДООЕЛ

Ø  Борче Најдоски, „Изо стакло“ ДОО

 

Регионот на  комората со седиште во Прилеп ги опфаќа општините: Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Регионот на Прилеп се наоѓа во централниот дел на Република Македонија и се граничи со градовите : Битола, Македонски Брод и Кавадарци а опфаќа 4 (четири) општини со вкупно население од околу 110.000 жители и тоа:

* Прилеп               76768 жители
* Крушево             9684 жители
* Кривогаштани   2182 жители и
* Долнени             13805 жители

Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија, Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во општина Прилеп, живеат 76.768 жители од кои 73.351 во градот. Најголемиот дел од жителите на општина Прилеп односно 70.878 се Македонци, а покрај нив има уште и 4.433 Роми, 172 Срби, 917 Турци, 22 Албанци, 17 Власи, 86 Бошњаци како и 243 жители кои им припаѓаат на други националности.

ИСТОРИЈА

Во историските извори Прилеп за прв пат се споменува во 1014 година.Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот. Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море.Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговско-каравански пат по кој од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун. Низ вековите, на овој простор се среќавале и се судирале хеленската, римската, византиската и словенската култура.

ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА

Високо-образовни институции во Општина Прилеп се Економски факултет, Дисперзирани студии по техничка информатика, тутун и геологија со рударство.Научни установи: Институт за тутун, Институт за Старословенска култура и Институт за композитни материјали и роботика. Исто така отворени се и студии од Штипскиот универзитет ,,Гоце Делчев” за текстил, дизајн и менаџмент и студиска програма за нови материјали и технологии.Спечифичен по својата местоположба, историски развој и секако по своите културни карактеристики, Прилеп е град кој изобилува со културни и историски знаменитости од секаков вид.Во Прилеп постои театар ,,Војдан Чернодрински” каде се одржува македонскиот театарски фестивал кој е најголемиот и најзначајниот за македонската театарска дејност, како и пошироко на Балканот, чии признанија се од голема важност во животот на актерите. Во Прилеп постојат голем број на центри и институти што се од големо значење за културата на градот. Меѓу нив се Институтот за старословенска култура, Меморијалниот музеј "Кузман Јосифоски - Питу", Меморијалниот музеј "11 Октомври 1941" и Центарот за современа ликовна уметност, а како значајни знаменитости се манастирот во Зрзе, манастирот ,,св. Архангел Михаил” и манастирот ,,Трескавец”. Како културни настани кои се случуваат во Прилеп се: Фестивал на пивото, Прилепско културно лето , Меѓународен карневал со маски и Меѓународниот арт фестивал "Езерски бисери".

КОМУНИКАЦИИ

Преку современ регионален пат Прилеп е поврзан со главниот град, останатите општини, туристички центри и поголеми градови во Република Македонија, посебно со граничниот премин Меџитлија преку Битола кон Република Грција, со Крушево, како и со Преспанско-охридскиот туристички регион.

Поважни патни правци се Прилеп-Битола, Прилеп - Охрид (преку Ресен), Прилеп-Кичево и патниот правец Прилеп-Велес-Скопје.

Прилеп е поврзан со железница на југ со градот Битола, а на север со Велес и Скопје и со соседните држави. Општина Прилеп со автобуски линии (од меѓуградската автобуска станица) е поврзана со Битола и Велес - Скопје. До околните населени места има организирано редовен автобуски или железнички сообрајќај. Општината авионски е поврзана преку меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид. Во градот има организиран градски и такси превоз.

Патната мрежа во општината е со должина од 87,1 км.

КЛИМА

Градот Прилеп и околината се наоѓаат на надморска висина од 550-700 метри, а Прилепското Поле го ограничуваат високи планини (1500м) коишто условуваат умерено-континентална клима. Средната годишна минимална температура според мерниот пункт во Прилеп изнесува 6,1°С додека пак апсолутната максимална температура изнесува до 39,4°С.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Локалниот економски развој на Општина Прилеп се карактеризира со тутунска индустрија,развиена прехранбена индустрија, индустрија на неметали, текстилна индустрија, металопреработувачка индустрија , електроиндустрија, како и развиена индустрија за графички дизајн, печатење и пакување, со процентуално учество по гранки:

* Тутунска индустрија 11%
* Рударство 9%
* Земјоделие 11%
* Прехранбена индустрија 13%
* Текстилна индустрија 12%
* Градежништво 10%
* Метална индустрија 1%
* Хемиска индустрија 1%
* Трговија 20%
* Туризам 3%
* Занаети 9 %

Економијата на Општина Прилеп игра значајна улога во економијата на Република Македонија. Од податоците кои постојат во Државниот завод за статистика (МАКСТАТ база, 2013 година) произлегува дека во државата постојат 71 290 деловни субјекти. Доколку се направи споредба со бројот на деловни субјекти во општина Прилеп, 2 763, се доаѓа до показател дека Прилеп има значителен придонес во економијата на државата. Како и во другите региони и во овој регион најзначајни носители на стопанскиот развој се микро и малите претпријатија. Во Општина Припеп микро и малите претпријатија учествуваат дури со 99% во вкупното производството.

Поделбата по сектори е следната:

Примарен сектор:

- Производство на ориентален тутун тип:Прилеп,(индивидуални производители),
- Рударство – Мермер,Гранит,Травертин и Оникс(Мермерен комбинат,Крин КГ )
- Земјоделие: Кромид,Пиперка и зеленчуци (индивидуални производители)
- Одгледување на добиток и производство и преработка на млеко (ФХМилко,Млекара Мики,Прилепска млекара)

Секундарен сектор:

- Текстил (Комфи Амгел.Кулитекс,Кули,Хатра.Васидора,Баки комерц,Најс текстил,Тритекс,Мартекс),
- Градежништво (Карпа,Тврда градба,Атлас,Тера Кота) ,
- Металопреработувачка и електро индустрија(Д.М.Бањарот,Микрон Теч,Пролукс,Еуроинвест,Микросам)
- Графичка индустрија и печатење (Печатница 11 Октомври,Гинис,Провиста),
- Прехрамбена индустрија (Витаминка,Прилепска пивара,Дониа,Трио,Жито Прилеп,)
- Трговија (голем број на МСП)

Терцијален сектор:

- Угостителство и туризам (Хотел Салида, Кристал Палас, Сонце, Монтана и туристичките агенции Бран,Брацо, Роман, ДА-МА травел, Лион Олимпик)
- Банкарство (Филијали на Стопанска Банка АД Скопје, Тутунска Банка, Комерцијална Банка, Уни Банка, Про Кредит Банка, Халк Банка,Охридска Банка, Шпаркассе Банка, Еуростандард Банка, Стопанска Банка Битола, Алфа Банка)
- Транспорт и шпедиција (Фершпед, Кватрошпед, Фениксшпед, )

СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Земјоделството е значајна стопанска гранка во Општина Прилеп. Покрај тутунот, кој е најзастапен, се одгледуваат и житни и градинарски култури. Во последно време се забележува пораст на производството на градинарски култури и тоа најмногу пиперка, компир и домат. Сепак, општина Прилеп е најпознатата во Република Македонија и пошироко по тутунопроизводството кое има најголемо учество во вкупното земјоделско производство. Производството на тутун се должи на долгогодишна традиција во реонот на Прилеп, како и поволните почвени и климатски услови. Подолго време ова производство претставува единствен извор на егзистенција за поголем дел од населението на Општина Прилеп. Голем придонес за развојот на оваа индустриска култура има Институтот за тутун (основан во 1924 година) кој е единствено овластен за обезбедување на тутунско семе. Креирани се 18 сорти за одделни тутунски региони за потребите на тутунската индустрија. Од особено значење за Општината е и Тутунскиот Комбинат, кој во минатото беше гигант на тутунската индустрија. Во иднина активностите во овој сектор би требало да се насочат кон интензивирање на земјоделското производство и стимулирање на зголемување на површината која ја обработуваат земјоделските производители.

Втор, особено значаен сектор во економијата на оштината Прилеп е прехранбената индустрија. Историски гледано, подемот на прехранбената индустрија се должи на фактот што Општина Прилеп е дел од Пелагонија, најголемата житница во земјата. Во последните две децении беше прекината врската меѓу прехранбената индустрија и земјоделството. Денес голем дел од репроматеријалите кои се употребуваат во прехранбената индустрија се од увоз, додека во земјоделскиот сектор не може да се зборува за голема продуктивност и искористеност на земјоделските површини. Поради тоа, еден од идните предизвици на Општина Прилеп ќе биде поврзувањето помеѓу примарното и секундарното производство.

Со оглед на застапеноста во рамките на прехранбената индустрија посебно се издвојуваат: кондиторската и млечната индустрија, производството на алкохолни и безалкохолни пијалоци, пекарската индустрија и индустријата за замрзнати производи. Оваа индустриска гранка е значајна и од аспект на можноста за развој на кластер кој би ги вклучил и индустриите за дизајн, печатење и пакување, а секако и претставниците од земјоделскиот сектор.

Прилепскиот регион е богат со природни наоѓалишта на мермер, гранит, оникс и травертин. Во општината успешно работат околу десетина рудници и петнаесетина преработувачки капацитети. Главна карактеристика на овој сектор е тоа што најголемите капацитети се во сопственост на странски инвеститори, претежно од Грција. Голем дел од мермерот се продава како суровина или полупроизвод,а мал дел се обработува, и тоа пред се во помалите фирми. Денес текстилната индустрија во Прилепскиот регион вработува голем дел од работната сила. Притоа, треба да се истакне дека принципот на работа на оваа индустриска гранка е лон производството кое не дава можност за подолгорочен развој. За текстилната индустрија мошне значаен е и фактот што производствената опрема релативно лесно може да се сели од една во друга локација/земја, а вообичаено работите/диловите им се даваат на оние подизведувачи кои ќе понудат пониска цена. Тоа значи дека оваа индустрија постојано се движи и се релоцира во земји каде што има ефтина и неквалификувана работна сила. Од поразвиените индустриски гранки во Општина Прилеп треба да се спомнат и металопреработувачката и електроиндустијата. Освен тоа, голем дел од приходите на населението во општината се генерира и од трговијата.

ТИРЗ „Прилеп“ се наоѓа на оддалеченост од 10 км југозападно од Прилеп, во близина на месноста Алинци, покрај магистралниот пат М5, кој го поврзува Прилеп со Битола и Скопје. Планирана е изградба на ново сообраќајно решение за поврзување на зоната со магистралниот пат М5; Површина: 100 ha; 67,5 ha во прва фаза и можност за проширување за уште 35,7 ha во втора фаза; Планирани се 13 блокови; Земјиштето е во сопственост на државата.

Веќе е најавена првата инвестиција а тоа е америчката компанија од автомобилската индустрија за делови Гентерм која планира да вработи околу 2000 лица.


Контакт лице: Горан Попоски
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 48 401536,
Мобилен: 070 607 962
Е-адреса: goran@mchamber.mk