„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Регионална комора со седиште во Кичево

 

 

Регионалната комора со седиште во Кичево се организира за членовите на Комората од општините: Кичево, Пласница, Македонски Брод.


Регионалната комора со седиште во Кичево на седница ги донесува  Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево, избира претседател и потпреседатели на Регионалнта комора со седиште во Кичево кои по функција претсеедаваат и со Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница се избираат и членови на Управен одбор на  Регионална комора со седиште во Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница одржана на 08.6.2015 година, ги донесе Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 08.6.2015 година, донесе Одлука за избор на претседател и потпретседатели на Регионалната комора во наредниот мандатен период.

За претседател на Регионалната комора со седиште во Кичево, се избра:

- Игор Соколески, АД „ЕЛЕМ“, Подружица РЕК „Осломеј“ - Кичево.

За потпретседатели на Регионалната комора со седиште во Кичево се избраа:

- Алија Зулбеароски , „Еуро-Фикс“ ДООЕЛ Увоз-извоз - Кичево;
- Шасим Османи, „Хидринг“ ДООЕЛ Увоз-извоз – Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 26.6.2015 година, донесе Одлука за избор на членови на Управен одбор  на Регионалната комора со седиште во Кичево.

Регионалната комора во Кичево е задолжена за следниве активности:

- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

⮞ Игор Соколески,  Претседател, ЕСМ РЕК ОСЛОМЕЈ, Кичево

⮞ Алија Зулбеароски,  Заменик претседател, ЕУРО-ФИКС, Кичево

⮞ Шасим Османи,  Заменик претседател, ХИДРИНГ, Кичево

⮞ Адем Даути,  ДУУТ "АРАБЕЛА" САФЕТ СЕЛМАНИ УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. КИЧЕВО, Кичево

⮞ Ардита Дани,  Јавно Претпријатие за Водоснабдување СТУДЕНЧИЦА Кичево, Кичево

⮞ Асмедин Јаоски,  ПУЦКО ПЕТРОЛ, Скопје

⮞ Весна Симеска,  СИМЕСКИ, Кичево

⮞ Гоце Аврамоски,  ТАЈМИШТЕ, Кичево

⮞ Даниел Данески,  РАЗНОПРОМЕТ 2Д, Кичево

⮞ Душко Силјановски,  АТВА, Кичево

⮞ Зеќир Зеќироски,  МИРСАТ КОМЕРЦ, Кичево

⮞ Касум Реџепи,  ПЕРПАРИМИ, Кичево

⮞ Никола Сагдиновски,  СТОПАНСКА БАНКА Филијала Кичево, 6250 Кичево

⮞ Предраг Станковиќ,  ИНТЕРФООД-80, Македонски Брод

⮞ Радован Анѓелески,  ТИМ ИНЖИНЕРИНГ, Кичево

⮞ Реџепи Џемаил,  ПИЦЕРИЈА РОМА, Кичево

⮞ Сејдин Исени,  ИСЕНИ КОМПАНИ, Кичево

⮞ Сулејман Нурчески,  МСС-95, Пласница

⮞ Урим Џафери,  БАЉИ КОМЕРЦ, Кичево

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КИЧЕВО

Регионалната Комора Кичево постои  од 1992 како територијален одбор на Стопанска Комора на Македонија. Од 1996 година од страна на  Стопанската Комора на Македонија формирана е Регионалната Комора со седиште во Кичево која го покрива стопанството на општините Кичево (Согласно измените на територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија од 2013 година општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј престануваат да функционираат и се составен дел на општина Кичево)  Македонски брод и Пласница.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Градот Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија на оддалеченост од околу 110 км од главниот град Скопје. Кичевската Котлина претставува јасно обликувана природна целина, од сите страни опколена со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража и планините Буковоќ и Добра Вода, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна се протегаат планините Баба Сач и Мусица, а на источната страна котлината допира до северниот дел на Порече.
 
Население: 57 000,
Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри.
 
ИСТОРИЈА

Кичево и Кичевско низ средновековието потпаѓаат под турска власт и се наоѓаат во склоп на Османлиската империја се до Балканските војни на почетокот на 20 век.

Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во исклучително тешки услови овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година кога поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевскиот регион потпаѓа под Италијанска окупација.

Првото ослободување на Кичево доаѓа во 1943 година на 11 Септември, веднаш по капитулацијата на Италија, а во овој период се до 1945 година Кичево било ослободувано дури шест пати. Ќе остане запишано дека тој е првиот ослободен град во Македонија во текот на НОВ, каде се формира и првата народна власт.

Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември, Македонија станува независна држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство.

КУЛТУРА

На подрачјето на кичевската котлина има исклучително вредни споменици од материјалната култура кои потсетуваат на минатото и создаваат услови за подигнување на туристичката понуда на повисоко ниво.

Тврдината Китино Кале - е археолошки локалитет на кој досега не се вршени систематски испитувања. Сознанијата за овој дел од градот, говорат дека тврдината опстојувала во праисторијата, а со тоа се потврдува мислењето дека тоа е најстара населба во градот. Една од легендите за калето вели дека на калето живеела една од сестрите на Крали Марко, Кита, по која не само калето туку и градот си го добил името. Во 1741 година на еден дел од калето е изграден градскиот часовник. Во текот на 1968 година тука е направена спомен костурницата посветена на паднатите жртви во текот на Втората светска војна.

Храм „Свети Петар и Павле” - Христијанството во Кичево има долга традиција. Првите цркви се споменуваат во V и VI век, кога всушност и христијанството се шири во овие простори.

Најмаркантен просветно културен историски споменик претставува манастирот „Света Богородица Пречиста” кој датира од 1316 година.  Манастирскиот комплекс е сместен во подножјето на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанството. Денес, овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали својот бог го нарекуваат Господ или Алах. Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните зидови од црквата Света Богородица - Пречиста, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Отец Никола.

Во Кичево постојат повеќе муслимански верски објекти – теќии и џамии од кои најстара и најпозната е џамијата во населбата Бичинци.

КОМУНИКАЦИИ

Градот Кичево се наоѓа во Западна Македонија, на оддалеченост од околу 110 км од главниот град Скопје. Поради централната местоложба во западниот дел на Македонија, Кичево претставува патна крстосница која води кон четири правци. Со Скопје градот се поврзува со магистралниот пат Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје. Друг правец води кон Охридско-струшкиот туристички регион, третиот правец води кон Битола,  а четвртиот кон Прилеп.
 
Освен патната мрежа, во Кичево е развиена и железничка мрежа која се реализира преку железничката линија Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје
Аеродроми: најблискиот аеродром во регионот е аеродромот во Охрид на 60км, аеродромот во Скопје на 120 км.

КЛИМА

Во регионот на Кичево преовладува континентална клима, со прилично долги зими и топли лета.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ:
Обработливи површини и пасишта
Кичевската котлина поседува 12251 ха
обработлива површина.
Ораници и бавчи – 6923 ха
Овоштарници – 78 ха
Лозја – 10 ха
Ливади – 4540 ха
Пасишта 15151 ха
Шуми
Со своите 51346 ха шумска површина,
кичевскиот регион е најбогат во Р. Македонија.
2895 ха од нив се во приватна сопственост.
ЈП „Македонски шуми”, подружница ШС
„Лопушник”-Кичево поседува 48451 ха.
Најрепрезентативни видови се буката и дабот.

Реки

Кичевската Котлина е релативно богатa со вода. Регистрирани се следните речни водотеци: Велика Река (Треска), Студенчица, Беличка, Ехлоечка, Церска, Рабетинска, Туинска, Тајмишка, Бачишка и Грешничка Река. Бројните реки, водотеци и потоци се вливаат во реката Треска и преку реката Вардар во Егејско Море.
Реката Студенчица извира во селото Добреноец. Изворот е каптиран и обезбедува вода за пиење преку локалниот водовод, не само во кичевскиот регион туку и во Македонски Брод, Крушево и Прилеп.
Рудно богатство
Во регионот има богати ресурси на железна руда. Најголем дел се лоцирани кај селото Тајмиште каде што има рудник за експлоатација.
РЕК „Осломеј” ги експлоатира ресурсите од лигнит лоцирани највеќе во атарот на селото Осломеј.
Планината Стогово е богата со манган, а мермерот е најзастапен во локалитетот Цер.
Од земјоделието и овоштарството застапени се производството на житни култури, домати, пиперки и компири. Понатаму производство на сирење, млеко, минерална вода газирана и негазирана, прехрамбена индустрија. Градежништвото како гранка во подем и металопраработувачката индустрија и други.
Во кичевскиот регион во етаблирани се 1462 деловни субјекти од коишто најголем број од нив се микро, мали и средни, мерено според бројот на вработени. Бројот на активни претпријатија по градови е следен:

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА:  Активни деловни субјекти (2020)
                                     Вкупно    микро        мали       средни    големи
Вкупно                        1660          1351            290           12            7

Кичево                        1462          1205            241           10             6

Македонски Брод       152           113              37              2             /
Пласница                       46            33                12             /              1

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА:     вкупно 1660 компании.

СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Во однос на локалниот економски развој предвидено е да се формира одделение со обучени и стручни кадри од оваа област кои ќе придонесат за интензивирање на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, заживување на стопанството и развој на мали и средни претпријатиjа. 
Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-Енергетскиот комбинат "Осломеј" кој е со капацитет од 660.000 квч годишна продукција и е прв објект од ваков вид изграден во Република Македонија.
Постојат и бројни сектори со одлични можности за инвестирање.
Некои од нив се: Земјоделството и прехранбената индустрија, Облека, текстил и кожа, Метали и метални производи, Енергетскиот сектор, Минерални суровини, Градежништво, Автомобилски делови, Информациона комуникациска технологија (ИКT), и туризам.
Во Кичево Технолошко – индустриска развојна зона (ТИРЗ) Кичево се состои од два поврзани засебни делови кои функционираат како целина. Предвидени се површини за производство, дистрибуција и услуги, површина за заштитно зеленило, површина под улици и патиштаи површини за комунална инфраструктура. Прва странска инвестиција е американската фирмата Џојсон сејфти системс Македонија која, веке работи во Технолошко – индустриска развојна зона (ТИРЗ) Кичево.
Функционираат уште две локални индустриски зони едната е ИВАНИДОЛ 2 во Кичево каде има 22 продадени парцели и веке неколку се изградени објеки кои работат од локални  домашни инвеститори, додека другата е КАШЕЈЦА  во с.Карбуница.

РЕГИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во контекст на регионалната соработката меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, Регионалната комора со седиште во Кичево превзема низа актиности за соработка со вклучување на своите членки во активностите на Општиите Кичево и Македонски Брод.
Во таа насока е потпишан Меморандум за соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Кичево и Општина Кичево , со цел размена на информации меѓу двете страни, искористување на знаењата во насока на подобрување на бизнис-амбиентот, организација на бизнис-настани и учество во заеднички проекти на ЕУ-фондовите
Воспоставена е и директната соработка со Центарот за развој на Југозападен плански регион како организација која е задолжена од општините во планскиот регион за реализација на развојните цели.
Понатамошниот развој на локалното стопанство бара нови инвестиции како во однос на обнова и реконструкција така и во функција на отпочнување на нови бизниси. Во моментов на државно ниво постојат програми за поддршка на претприемништвото (домашни или странски) кои се реализираат преку банките во државата и треба да се искористат.

Развивањето на прекуграничната соработка претставува една од целите на политиката за регионален развој и стратегиска определба на Регионалната комора со седиште во Кичево. Во таа насока е остварена соработка со комори од соседните држави и се работи во насока за соработката со коморите на соседните држави.

team-2

08.11.2024

Одржана презентација во Кичево-информирани стопанствениците за бизнис можностите и ИПАРД програмата

Во Кичево се одржа инфо ден со цел унапредување на економскиот и општествен развој на регионот и презентација за компаниите на темата „Подготовка на претпријатијата за добивање на фина...


Контакт лице: Дијана Лазороска Јованоска
Асистент во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 45 257067
Е-адреса: dijana@mchamber.mk