Публикации на комората
Месечен економски преглед

07.10.2021
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД БРОЈ 16 (ИЗДАНИЕ АВГУСТ)
РАБОТИ КОИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПЕРИОДОТ:
...кумулативен раст индустриското производство од 5,4% во првите седум месеци
...раст на трговијата и градежништвото, но и поповолни движења во туризмот
...благо подобрување на очекувањата на субјектите од преработувачката индустрија
...минимален пораст на платите во јуни
... раст на инфлацијата, годишната стапка во август достигна 3,6%
...раст на извозот и увозот во јули
...зголемена реализација на капиталните инвестиции во јули, но кумулативната реализација е сеуште ниска
...краткотраен пад на цената на нафтата во август, но остануваат очекувањата за натамошен пораст

30.08.2021
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД БРОЈ 15 (ИЗДАНИЕ ЈУЛИ)
...продолжува порастот на индустриското производство, со поумерени годишни стапки
...раст на трговијата и градежништвото, но и поповолни движења во туризмот
...очекувањата на субјектите од преработувачката индустрија укажуваат на натамошни ризици
...платите продолжија да растат и во мај, но со поумерени стапки
...понатамошен пораст на инфлацијата во јули
...раст на извозот и увозот, при зголемен трговски дефицит
...значајна надворешнотрговска размена со земјите од иницијативата “Отворен Балкан”
...зголемена реализација на капиталните инвестиции во јуни, но кумулативната реализација е сеуште ниска
...продолжи растот на цените на берзанските стоки

21.05.2021
МЕСЕЧНИОТ ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД (МЕП) ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
- ...поволни перцепции за економиите во ЕУ и Западен Бaлкан, но и ризици доколку вакцинацијата се одвива со забавено темпо
- …податоците укажуваат на започнат процес на заздравување на македонската економија
- ...раст на индустриското производство од 7,6% во март
- ...раст кај трговијата на големо, трговијата на мало, градежништвото и туризмот
- ...очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија минимално подобрени во април
- ...позначителен пораст на трошоците на живот од 0,7% во април
- ...поумерен пораст на платите во февруари
- ...раст на извозот, но и поголем пораст на увозот во март
- ...подобрена реализација на капиталните расходи
- ...цените на берзанските стоки над нивото од пред-пандемијата

21.04.2021
МЕСЕЧEН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД (МЕП) / БРОЈ 11 (МАРТОВСКО ИЗДАНИЕ)
...трговијата на големо во пораст, трговијата на мало со умерен пад
...градежништвото и туризмот со негативни стапки
...очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија се минимално подобрени во март
...трошоците на живот пораснаа за 0,5% во март
...платите на приближно непроменето ниво
...раст на извозот и увозот во февруари
...подобрена реализација на капиталните расходи во февруари
...цените на нафтата на крајот од март 2021 го достигнаа нивото од 2019 година