Публикации на комората
Месечен економски преглед
31.08.2020
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.
• Намалување на економската активност кај земјите од Западен Балкан во првиот и вториот квартал од 2020 година
• Длабоки последици од кризата врз авто-индустријата
• Висока контракција на БДП во Македонија во вториот квартал од 2020 година, која укажува на потребата од нови мерки за поддршка на стопанството
• И во јули продолжи трендот на пад на индустриското производство, трговијата и градежништвото
• Раст на стапката на невработеност, уште еден сигнал за потребата од поддршка на компаниите за заштита на работните места
• Извозот и увозот со благ пораст во однос на претходните месеци, но значајно под минатогодишното ниво
29.07.2020
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.
• Висока контракција на БДП во земјите од ЕУ и САД
• Ублажување на негативните трендови кај индустриското производство, иако стапките се негативни и двоцифрени
• Мало заживување на трговијата на големо и мало, но сеуште негативни стапки на раст
• Големи негативни последици врз туризмот од здравствената и економската криза
• Очекувањата за деловните тенденции кај претпријатијата од преработувачката индустрија се влошени • Раст на извозот и увозот во јуни во однос на мај и април, но нивото е сеуште значајно под минатогодишното
29.06.2020
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
• Понатамошно влошување на економските резултати на глобално ниво и дополнително надолно ревидирање на проекциите за економски раст
• Индустриското производство со високи двоцифрени стапки на пад како последица на мерките за ублажување на здравствената криза и намалената побарувачка
• Трговијата на големо и мало со продлабочени негативни тенденции
• Влошување на очекувањата за деловните тенденции
• Умерено зголемување на стапката на инфлација во јуни
• Намалување на платите во однос на март
• Извозот и увозот се драстично намалени заради намалената побарувачка и нарушувањето на протокот на стоки и услуги
28.05.2020
МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД (МЕП) ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.
• Први сигнали за забавување на македонската економија
• Драстичен и сеопфатен пад на индустриското производство
• Негативни движења во градежништвото, трговијата и туризмот
• Висок двоцифрен пад на извозот и увозот
• Кризата ги намали буџетските приходи и ги зголеми буџетските расходи
• Берзанските цени под силен удар на пандемијата