„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во интервјуто за емисијата „Тема на денот“ на МТВ, Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија, ги истакна активностите на ЕИБ во поддршката на зелената транзиција на земјата. Меѓу другото, тој се осврна на првиот Водич за декарбонизација на бизнисите, изработен од Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со советодавниот тим на ЕИБ и Делегацијата на Европската Унија.
„Овој водич пристигнува во пресуден момент кога Северна Македонија забрзано напредува кон зелената транзиција и се подготвува за воведувањето на новите регулативи поврзани со јаглеродот“, изјави Габриел. „Многу сме горди што можеме да им помогнеме на компаниите да го модернизираат своето работење и да придонесеме за одржлива трансформација низ целата земја.“
Водичот има за цел да им овозможи на компаниите полесно да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Негова централна алатка е напреден калкулатор за јаглероден отпечаток кој опфаќа скоро 60 различни извори на енергија и разладни средства. Дополнително нуди:
- практични студии на случај и успешни примери од водечки компании кои ги покажуваат придобивките од транзицијата кон чиста енергија.