„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Претставници на Светска банка на работна средба со г-дин Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии во Стопанската комора на Македонија - ПОБАРАНА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА И ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

19.06.2014

На средбата се разговараше на теми поврзани со местото на информатичко комуникациските технологии во развојот на македонската економија и примената на иновативните светски решенија и развојот на човечките ресурси во секторот во Република Македонија.

ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - Во тек е подготовката на новиот текст на Законот за електронски комуникации. Доколку имате Ваши предлози, мислење или сугестии во однос на одредби што би биле дел од новиот Закон за електронски комуникации, доставете ги до Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија (за да можеме да ги сублимираме) во следнава форма:

- Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
- Причина за предложената измена;
- Предлог изменета на членот; и
- Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.

Искористете ја оваа рана фаза на подготовката на новиот текст од Законот, кога се поголеми можностите за Ваше и наше реално учество со посоответни решенија за македонските компании од ИТ секторот.
Повеќе на: http://www.mioa.gov.mk/?q=node/217

Заедничка седница на Здруженијата на информатичко-комуникациски технологии и на металната и електроиндустријата - расправаа за управување и отпад со електрична и електронска опрема - НАВРЕМЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ
Со стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема („Сл. Весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад.

Презентација на сервисот Market Intelligence - ONLINE МЕРЕЊЕ НА Интернет Аудиториум
Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на сервисот Market Intelligence, по повод воведување на системот за Online мерење во Република Македонија. Овој систем подразбира мерење на Интернет аудиториумот, односно мерење на домашните веб сајтови. Со овој сервис се очекува да се придонесe во развојот на Интернетот во Република Македонија, како медиум со најголема стапка на раст во последните години.