„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Улогата на стопанските комори преку јавните овластувања

11.07.2025

Зајакнувањето на улогата на стопанските комори преку јавни овластувања е еден од клучните фактори за постабилна и предвидлива деловна средина за бизнис заедницата

Стопанската комора на Црна Гора, во рамките на нејзиното претседателство со Асоцијацијата на Балкански комори, на 09.07.2025 година  одржа регионална тркалезна маса на тема „Јавните овластувања на стопанските комори“.

Главната цел на истата, покрај другото, беше да се разменат примери од искуствата и добрите практики пред се во делот на јавните овластувања доверени на стопанските комори од националните институции, како и да се идентификуваат заедничките предизвици и можности за  унапредување и зајакнување на улогата на коморите во современата бизнис средина. 

Претседателката на Стопанската комора на Црна Гора  д-р Нина Дракиќ, изјави дека стопанските комори со децении се неопходен дел од економските системи, а нивната улога стана уште поважна во процесот на економскиот развој, промоцијата на инвестициите и развојот на бизнисот. Сепак, она што ја прави оваа улога уште позначајна, се јавните овластувања доверени на коморите преку законски и подзаконски акти, со оглед на тоа што јавните овластувања претставуваат специфични одговорности што стопанските комори ги извршуваат во име на државата или во интерес на деловните субјекти.

Со тоа коморите се партнер на државните органи во спроведувањето на одредени административни и регулаторни функции,Ваквата правна комора бара ниво на одговорност, транспарентност и експертиза - рече Дракиќ. Таа истакнува дека јавните овластувања не се само административни обврски - тие се мост што ги поврзува интересите на различните актери, ја обезбедува легалноста на работењето и придонесува за стабилноста и предвидливоста на деловната средина.Ова е причината зошто коморите континуирано ги зајакнуваат своите капацитети, ги подобруваат процедурите и ги дигитализираат услугите, со цел да одговорат на современите предизвици и потреби на бизнисмените.

„Соработката со државните институции е клучна за ефикасно спроведување на јавните овластувања.Само преку партнерски односи и отворен дијалог можеме да создадеме средина во која економијата ќе има услови за развој и иновации, а државата ќе има алатки за ефикасна контрола и поддршка“, рече Дракиќ

Ирена Вучиќ Поповиќ, заменик-генерален секретар на Владата на Црна Гора, истакна дека стопанските комори, како институции со долга традиција, претставуваат мост помеѓу државната администрација и деловната заедница.

„Улогата на стопанските комори не е само консултативна и репрезентативна - туку и функционална, особено кога зборуваме за јавните овластувања што им се доверени, со цел поефикасно функционирање на пазарната економија.Доделувањето јавни овластувања - без разлика дали станува збор за издавање сертификати, водење регистри, спроведување стручни испитувања или давање мислења во законодавниот процес - е пример за функционална децентрализација и градење партнерство помеѓу државата и деловните субјекти.На овој начин, системот станува поагилен, професионален и поблиску до реалните потреби на пазарот. Стопанската комора на Црна Гора успешно и професионално ги спроведува доверените јавни овластувања со години, со што ја потврдува својата институционална зрелост и способност да биде сигурен партнер на државата и економијата“, рече Вучиќ Поповиќ.

Според неа, Владата на Црна Гора, како партнер на деловната заедница, е посветена на модернизирање на институционалната рамка, зајакнување на правната безбедност и подобрување на средината за инвестиции и претприемништво. - Во оваа смисла, отворени сме за дијалог за подобрување на законската рамка што ги регулира јавните овластувања на стопанските комори - со цел поголема транспарентност, одговорност и ефикасност - рече таа.

Претставник на Стопанската комора на Северна Македонија Игор Тасевски, зборуваше за активната улога на Стопанската Комора на Северна Македонија во поттикнувањето на економскиот развој, промоцијата, инвестициите и севкупното унапредување на деловната средина. Во тој контекст Комората обезбедува аналитичка и информативна поддршка на компаниите, учествува во изготвувањето закони преку свое мислење и барања во процесот на нивното донесување, ја поттикнува извозната активност преку промоцијата на членките- сето тоа со цел зајакнување на конкурентноста на нашата економија - истакна Тасевски.

Во делот на јавните овластувања, по наведувањето на сите што ги има Стопанската комора на С.Македонија , акцентот го стави на процесот на дигитализацијата на јавните овластувања што е од големо значење за членките, пред се од аспект на заштеда на трошоци и време . Во тој контекст истакна дека кај:

- СЕРТИФИКАТОТ ЗА ПОТЕКЛО – Почнувајќи од 5 мај 2021 година,Стопанската комора на Северна Македонија издава е-Сертификати, односно дигитални сертификати за потеклото на стоката (непреференцијален и преференцијален Форма-А). 

Горди сме што на 02.12.2021 година, Светската трговска организација, Меѓународната стопанска комора и Меѓународниот трговски центар ѝ доделија на Стопанската комора на Северна македонија награда „ДИГИТАЛЕН ШАМПИОН ЗА 2021 ГОДИНА”. Комората ја доби наградата „Дигитален шампион“ за проектот -  дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, кои им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење.

- За  АТА карнетот, тој ја нагласи тековната заложба за целосна дигитализација на постапката за издавање и употреба на дигитален АТА карнет, поради што обезбедени се дополнителни безбедносни карактеристики и нов софтвер за да се направи системот посигурен и поефикасен.
По обемните дискусии, во рамките на тркалезната маса, претставниците на стопанските комори од регионот заеднички го истакнаа значењето на јавните овластувања како мост помеѓу компаниите - членки на Комората - и државните институции, нагласувајќи дека токму овие овластувања овозможуваат поефикасно дејствување во интерес на бизнисот.

Исто така, заеднички беше констатиранио дека коморите треба да бидат максимално оспособени оперативно да ги спроведуваат процедурите што им се доверени, додека државата ќе ја задржи улогата на надзор, истакнувајќи ја важноста на континуираната едукација на членовите на управните одбори и професионалците.

На крајот, се заклучи дека зајакнувањето на улогата на стопанските комори преку јавни овластувања е еден од клучните фактори  за постабилна и предвидлива деловна средина за бизнис заедницата, за што овој процес мора да биде придружен со институционална доверба од една и континуирано подобрување на сопствените коморски капацитети од друга страна.