„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

"МЕНАЏЕР НА ДЕЦЕНИЈАТА ВО КОМОРСКИОТ СИСТЕМ" – НАГРАДА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ

28.06.2025

Претседателот на СКСМ и потпретседател на КИФ Бранко Азески е добитник на наградата "Менаџер на деценијата во коморскиот систем" - Златна плакета за исклучителен придонес во развој на коморскиот систем, јакнење на регионалната соработка и бизнис без граници, што ќе му биде врачена на Гала свеченост на 03.07.2025 година, во хотелот Холидеј Ин во Сараево.

Претседателот Азески ќе присуствува и ќе зборува и на Форумот "Вештачката интелигенција во бизнисот", што истиот ден ќе се одржи во Сараево.

Претходно, во 2013 година, тој е прогласен и за "Менаџер на годината", а СКСМ за "Најкомора во регионот".

Овие награди, секоја година, ги доделува Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни лугје и компании во регионот, како поттик и признание  на бизнисмените за регионалниот развој.