„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

Меа иницира - вишокот на енергија од обновливи извори да се управува преку батериски системи

17.02.2023

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Северна Македонија, претставувана од претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев, придружен од страна на претставници на мрежните оператори, МЕПСО и ЕВН, одржа работна средба со министерот за економија, Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.

Имајќи ја предвид, големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија, а особено на фотоволтаични електрани, претстои период во кој се очекува големо производство на електрична енергија во еден момент, што води до потребата од управување на производството на електрична енергија. МЕА верува дека решение за овој проблем е интегрирањето батериски системи, за што предуслов се измени во легислативата која ги уредува обновливите извори на енергија. Токму затоа, неопходна е соработка помеѓу државните органи и мрежните оператори со цел навремен и соодветен пристап во процесот на изменување на законските и подзаконските акти. Во таа насока, беше одлучено да се формира Работна група составена од претставници на ресорните министерства, Регулаторната комисија, мрежните оператори и претставници на МЕА кои ќе пристапат кон решавање на проблемот во периодот кој следи.

Дополнително, во Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика е предвидено Министерството за економија да донесе индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, па во однос на тоа МЕА ја потенцира важноста од соработка на ресорното министерство со операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем.

Интервју од претседателот на МЕА, министерот за економија и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=IYJU5fZ9rRw