„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.05.2025
Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.
На заедничката средба со претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески, по согледување на состојбите беше констатирано следното.
1. Трговијата помеѓу двете земји како докажни трговски партнери, мора да се одвива непрекинато.
2. За конкретниот застој, да се надминат проблемите преку забрзување на протокот на камионите и наместо на меѓуграничниот простор тие да се насочат согласно законската регулатива во магацините и таму да се чека исходот од лабораториските анализи.
3. Да се примени принципот на проценка на ризик при спроведување на физичка контрола на граничниот премин, а не да се врши контрола на секоја пратка поединечно.
4. Да се иницира двете Влади преку надлежните институции (Агенциите за храна и ветеринарство), да работат на усогласување на сертификатите и заемно признавање на лабораториските анализи со акредитирани методи, зашто е потребно усогласување со европската регулатива.
Заеднички заклучок од состанокот на Рафуна и Азески, е дека мора да се применат конкретни активности во согласност со политиките на Европската Унија и меѓународните договори, затоа што само така и двете држави ќе покажат дека се сериозни во однос на патот кон кој се насочени, а тоа е членството во Европската Унија.
На состанокот, двајцата претседатели на коморите на Косово и Северна Македонија разговараа и за протокот на стоки и услуги кои со изградба на автопатната инфраструктура на Косово добија на интензитет и побрза диманика, а со зголемената функционалност на граничните премини на двете страни се потикнува зголемена ефективност. Останува да се заокружи уште патната инфраструктура на територијата на нашата држава, каде поради сеуште активните градежни работи се создаваат долги колони возила што го успорува протокот.