„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Прв состанок на Советот на странски инвеститори со Владата на РС Македонија

05.09.2024

На 4 септември 2024 се одржа првиот заеднички квартален состанок на Советот на странски инвеститори со економскиот тим на Владата на РС Македонија, предводен од премиерот Христијан Мицкоски.

Во присуство на претставници на 40-тина компании со странски капитал кои работат во Македонија и претставниците на економскиот тим на Владата се разговараше на теми поврзани со даноци и царини, инфраструктура, образование, конкурентност, и беше нагласена неопходноста од унапредување на владеењето на правото и правната сигурност за бизнисот, воопшто.

Во конструктивна атмосфера и низ плодна дискусија беа изнесени барањата и потребите на компаниите, при што Владата и Советот на странски инвеститори си зададоа заеднички задачи за реформи и потенцијални законски измени кои треба да се случат во следниот период.

Во наредниот период ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на конкретни подобрувања што ќе значат подобрување на бизнис климата во државата и зголемување на конкурентноста и успешна работа на постојните инвеститори, но и привлекување на нови странски инвестиции.

Следниот заеднички состанок е закажан за првата половина на декември.