Продолжуваат серијата активности со кои преку Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија, со кои се дава можност за афирмација на кариерниот развој на идните академски граѓани, нивно запознавање со потенцијалните работодавачи, но и со можностите кои различни сектори ги нудат на пазарот на труд.
Во периодот од 22-26 април во организација на Меѓународниот Балкански Универзитет се реализира „Кариерна недела на МБУ“, кој опфаќа низа настани, сесии и работилници кои имаат за цел кариерно да ги насочуват студентите запознавајќи ги со перспективите кои пазарот на труд и можностите за кариерен раст и развој.
Поздравни обраќања имаа проф. д-р Љутфи Сунар, ректор на МБУ, проф. д-р Мевлудин Ибиш, проректор на МБУ и Ѓорѓи Ристов, претставник на Кариерниот центар при МБУ.Во рамки на официјалното отварање на кариерната недела, на сесијата насловена „Истражување на македонскиот пазар на труд: можности и предизвици“, свое обраќање имаше и м-р Михајло Донев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања, кој порача дека студентите во нивниот процес на академска трансформација треба да бидат свесни за побарувачката на пазарот на трудот бидејќи тој фактор е важна детерминанта во процесот на барање работа. Околу 48,7% од слободните работни места побаруваат високо образование и најголемиот дел од нив се во секторите: продажба на недвижности, услуги за сместување и храна, забаа и рекреација, производство и административни и помошни услуги. Донев на студентите им порача дека образованието не застанува по дипломирањето, доживотното учење, доквалификацијата и постојаното вложување во нови вештини се значајни за кариерен успех, а големо значење имаат и меките вештини и трансферзалните вештини кои се подеднакво важни во секој сектор, како и техничките вештини кои носат примена на ИКТ во секоја дејност.
Во рамки на Кариерната недела, во периодот од 22 и 23 април 2024 година на платото на МБУ се одржа и Саем за вработување, на кој компании дваесетина членки на Стопанската комора на Северна Македонија имаат можност да ги претстават можностите за вработување и кариерен развој на апсолвентите, додека бруцошите имаа можност да се информираат за можноста за реализација на практична обука, како за време на студирањето, така и по завршувањето на студиите. Претседателот на Советот за унапредување на високото образование, м-р Донев и претставникот на Центарот за кариера на МБУ, Ѓорѓи Ристов ги посетија сите штандови на компаниите и продискутираа со претставниците на компаниите околу потенцијалите за соработка и можностите кои секоја од компаниите ги нудат. На дводневниот Саем за вработување учествуваа: Халкбанк АД Скопје, Халк Осигурување, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, ФД Флекс Кредит ДОО Скопје, ФД СН Финансии Битола, Лидл Северна Македонија, ЕВН Македонија, Триглав Осигурување, Кроација Осигурување, ТАВ Аеродроми, Адиент Сеатинг Штип, Даути-Комерц, Рамстор, Бе-Да Логистик, Слајс, Микросам Прилеп, Кодинг Горска и Малиќи Груп.
Советот за унапредување на виското образование и стратешките истражувања продолжува и во следниот период во соработка со универзитетите да реализира настани кои имаат за цел да ги приближат студентите до идните работодавачи, преку серија активности кои водат до поголема инволвираност на приватниот сектор во високото образование преку реализација на практична обука, отворени денови и одржување на предавања, со што Советот ги оправдува целите и стратешките определби на Стопанската комора на Северна Македонија.