„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.02.2023
Коморскиот инвестициски форум е основан од страна на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) со цел да се интензивира соработката помеѓу коморите во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.
Во таа насока, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, а со поддршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан за потребите на бизнис заедницата, на 8 февруари 2023 година се организираше еднодневен бесплатен семинар на тема: „Доверба и безбедност“.
Семинарот го отвори м-р Михајло Донев, в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаења во Стопанската комора на Северна Македонија кој пред преставниците на бизнис заедницата истакна дека оваа активност се реализира со поддршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, во рамки на Проектот „Поддршка од ЕУ за инвестицискиот форум за шестте комори на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. Тој додаде дека фокус на проектот е поддршка на малите и средни претпријатија во регионот во областа на: интернационализација на работењето со акцент на полесен пристап до извори на финансирање, создавање на старт-ап и поттикнување на истражување и иновации.
Целта на семинарот беше учесниците да се запознаат со актуелните безбедносни закани и измами кои се случуваат во последно време, во регионот и во светот, да се стекнат со основни и напредни знаења во управувањето со безбедноста на информациите и заштитата на податоците, како и подобро да ги разберат ИТ контролите кои се применуваат за откривање и спречување при манифестација на безбедносни закани.
На семинарот присуствуваа учесници од ИТ компании, финасиски институции, министерства, општини и останати државни институции, компании со странски капитал и адвокатски друштва, односно учесници кои се вработени во ИТ и безбедносните служби за информациски системи како и лица одговорни за заштита на деловни информации и управување со оперативен ризик.
Семинарот обезбеди основни и напредни знаења и вештини за управување со безбедноста на информациите и заштитата на податоците, како и актуелните ИТ закани кои можат да се манифестираат во речиси секоја компанија.
Прадавач беше Лука Милинковиќ кој има долгогодишно искуство во контролирање и управување со ИТ безбедност преку развој на нови решенија и вршење ревизии на ИТ безбедност. Има работено на имплементација, и на софтвер и на хардвер; на различни безбедносни алгоритми - постоечки (DES, AES, RSA...) и некои лично креирани, еднонасочни функции (SHA-2, SHA-3, Blake, JH, Groestl... ); на протоколи (IPsec, PGP...) и на различни методи за автентикација.