Каков е трендот на влез на странски инвестици кај нас со оглед на тоа што оваа година имаше во прв квартал 175 милиони евра странски инвестиции, во втор квартал 130 милиони евра страснски инвестиции, уделот гледано како процент од БДП е помал од 1%, а исто гледано и наназад низ годините е исто така многу помал.
В.МИЗО – Кога сме кај темата на влез на инестиции секогаш треба и може да е подобро. Нема многу нови гринфилд инвестиции, околу 50 проценти од инвестициите се претежно од веќе присутни компании кои реинвестирале, поточно тие се носители на нови инвестиции. Нема многу нови производни компании кои доагаат. На пример, ако направме споредба со регионот, на пример во Србија минатата година имаше рекордна бројка од 4,5 милијарди евра нови инестиции, а само во првите осум месеци од оваа година 2,8 милјарди евра. Нивната проактивност во однос на привлекување е многу поголема иако тие не се ни членки на Светската Трговска Организација (СТО) и го немаат нашиот адут- земја членка на НАТО, а сепак се многу пред нас на оваа тема.
Каков е кавлитетот и структурата на инвестициите кои доаѓаат . Има ли нови гринфилд инвестиции кои претходно воопшто не оперирале во нашата земја?
В.МИЗО- Нови гринфилд инвестиции немаме, не дека не се случуваат, но поентата е како и на кој начин ги привлекуваме инвеститорите, бидејќи пред 15 години како држава воопшто не бевме присутни на мапата на светот за привлекување инвестиции бевме на нулта позиција требаше да се воспостават нови можности, системи, институции, формирање на тимови со стручи луѓе со меѓународно образование и со меѓународно искуство да анализираат компании. Во тоа време дојдоа компании претежно од автомобилската индустрија како најмобилна индустрија со голема додадена вредност.
Денеска, во споредба со минатото,не доагаат нови компании со голема додадена вредност, кои се на слично техничко и развојно ниво како овие компании кои дошле во Македонија пред повеќе од десет години : АПТИВ, Кондево Џонсон Мети ,Маркарт, Костал, и други компании .
Да, има трудо-интензивни компании каде цената на работната сила е пресудна. Сметам дека како држава не сме повеќе во можност да привлекуваме трудо-интензивни компании бидејки невработеноста која во еден момент беше над 35 проценти е драстично намалена, а и оние кои се расположливи како работна сила не саакат да работат во трудо-интензивни компании или воопшто во индустрија. Поточно многу и од постоечките компании се соочуваат со недостиг на работна сила како по квалитет така и по квантитет.
Вицепремиерот Битиќи во истава емисија неодамна најави дека ни доаѓа нов бран на инвестиции кои се мери во стотици милиони евра, пред се поради членството во НАТО, а кој беше на некој начин пролонгиран поради Ковид кризата.
Имајки ги во предвид политичките премежија кај нас ,една темпирана политичка бомба , со најава на нови претседатлески и парламентарни извори ,случувањата во светот ,војните во Украина, Израел и слично дали реално треба да очекуваме ваков наплив на инвестииции?
В.МИЗО- Јас како граѓанин на оваа земја, пред се би бил многу среќен ако се случи вакво нешто, да дојдат што повеќе нови инвестиции, иако тоа на некој начин би било и конкуренција за веќе постоечките компании кај нас .Глобалните случувања се една потешкотија не само за нас туку и за многу други земји од регионот и пошироко.
Со мојата нова глобална позиција во Костал имам видено од прва рака што прават земји како Мароко, Полска, Унгарија, Ирска, Шпанија, земји пред се од Европа и Северна Африка (каде ние сме лоцирани на мапата за инвестиции). Не значи дека мора и е пресудно при донесување одлука да инвестирате во земја која што е членка на НАТО, да можеби како сигурносна организација, не дека тоа на некој начин е пресудно, важно е дали ги имаме и сите други предуслови и можности за да ги привлечеме овие инвеститори, дали имаме доволно расположлива работна сила по квалитет и квантитет, квалификувана и соодветно образована . Работењето на младите луѓе од Средно стручно образование, воведувањето на средно дуално образование се проекти кои во изминативе пет години ги позздравувам, но треба уште многу да се направи за да се подобри квалитетот на техничките универзитети и на темата образование воопшто, бидејки многи млади луѓе сеуште сакаат да си заминат.
-Освен од работната сила односно пазарот на трудот , направете рангирање од кои политички и економски фактори зависи одлуката за инвестирање ,детерминанти како даночна политика ,одржливост на правосуден систем , одржливост на законски решениа за бизнис клима,ние сме сепак земја која во просек гледано има избори на секои година ипол дена?
В.МИЗО-политичката несигурност е секако важен фактор но не е секогаш пресуден.
Прво реков е квалитетот и расположливоста на работната сила, географската локација ,квалитетот на инфраструктурата. Понатаму е предвидливоста на Економската политика ( царинските стапки нивна хармонизација со ЕУ), конкурентни и ниски даноци, целиот процес на After Care поточно како се опслужуваат компаниите откако дошле, владеењето на право, ниво на корупција, цената на раст на трошоци на работната сила,инфлацијата ...
Околу правосудниот систем, на пример јурисдикцијата на страснките компании кај нас, во нивните договори со државата, не е пред локални судови, туку пред мегународни арбитражни организации за да на тој начин се добие некоја поголема објективност и независност , со што се иззема локалниот правосуден систем, важно е дали сите договорни обврски се исполнети, а кои се ветени или се потпишани со компаниите ( од гледна точка на навремена изградба на инфраструктура, навремена исплата на државна помош и сл).
Да, имаме слаби карики во се ова што набројавме ,во правосуднит систем пред се.
Што прави домашниот бизнис во ваква ситуација каде од страна гледано бенефииции имаат странските инвеститори во смисол на надоместоци за плати , загарантиран пласман , субвенции за плати, дражвата им гради инфрааструктура и сл.
В. МИЗО- Не значи дека странските компании имаат загарантиран пласман. Со законот за финансиска подршка не гледаме дека странските компании се фаворизираат , поддршката е подеднаква и за домашните и за странските компании ,во поглед на пример на пристап до државна помош. Во ТИРЗ-овите подеднакво се третирани домашните и странските компании иако таму сеуште имаме само една компанија со домашен капитал, компанијата ХАЈТЕК.
Имаше еден период кај нас на мит некаде од 2014-2019 година во поглед на странските компании дека експлатираат евтина работна сила, не плакаат даноци ,имаат субвенции, иако најголем број од овие компании се носители на технолошко напредни развојни процеси , креираат работни места, пред се го подобруват трговскиот биланс на државата бидејќи се најголеми извозници.
Ослободување од персонален данок е можно и за домашните компании и за креирање на работни места преку закон за контрола на државната помош , странските компании се сепак домицилни компании од гледна точка на правосуден систем но со странски капитал.
Сведоци сме на агресивна миграција на работна сила. Домашните компании се жалат дека инвестираат и пари и време во некој вработен кој потоа си заминува за нормално повисока плата. Дали страснките компании се претворија во нелојална конкуренција во однос на домашните?
В.МИЗО- Истото се случува и со странските копмании, ако дојде нова странска компанија таа прибира дел од луѓето кои веке работат во постоечка копманија, инжинери со искуство , дел одат на летни пракси во Хрватска ,се селат во Германија на инжинерски летни пракси или уште полошо млади инжинери одат да работат во Мек доналдс во Германија за повеке да заработат, наместо да се усовршуваат во својата бранша како машински или електро инжинери.
Поголем проблем е што миграцијата на работна сила е сезонска или перманентна надвор од нашата земја, отколку внатрешната миграција на вработените од една во друга компанија, сеедно дали со домашен или странски капитал. И дополнителен проблем е мала мобилност на работна сила во градовите ,сите имаат тенденција да одат во Скопје.
Се повеќе се зборува за увоз на работна сила?Дали тоа ќе се случи, во отсуство на посериозна легислатива со кој би се регулирал овој сегмент, се повеке се зборува дека работат и црните канали за увоз на работна сила? Дали треба механизми за ова да се регулира?
В.МИЗО- Точно да, има дискусии на оваа тема и тоа ќе се случи. Прашањето е во кој сектор и кој вид квалификација (градежништво, угостителство и услужни дејности,текстилна индустрија ). Не секој сектор би бил под исти аршини и услови. Не е лесно секогаш да се донесете квалификувани работници ,техничари или инжинери, и колкава би била нивната цена доколку се увезат.
Дури и земји од Источна и Централна Европа увезуваа работници од странство и пред војната во Украина да започне. Но, за Македонија тоа не би значело увоз на работници од Европа, туку од Југоисточна Азија , земји од Африка и сл.
Со новата одлука на владината седница ќе има нови зголемени давачки за увоз на моторни возила пред се автомобили .Дали оваа промена во даночната политика ке промени нешто во автомобилската индустрија кај нас?
В.МИЗО- Сите возила се странски ,сеедно дали се нови или стари. Овие увозници на возила не се членки во Советот на странски инвестиори.Сметам дека автомобилската индустрија кај нас нема да е директно погодена бидејки пазарот овде за возила е многу помал во споредба со она што значи пласман на тие возила во Европа или на глобално ниво. Секако дека ќе има влијание и дека цените ќе се зголемат. Но како овие дополнителни приходи ќе се користат од страна на државата сеуште не сум запознаен.