ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE –Хрватска, Ви помага во унапредувањето и заштитата на Вашето деловно работење, преку обезбедување на достапност на бонитетни извештаи од глобалната мрежа на Групацијата Coface, која е присутна во повеќе од 200 земји.
Бонитетниот извештај Ви овозможува проверка на вашиот потенцијален деловен партнер и претставува Ваш патоказ за сигурен бизнис.
Бонитетниот извештај ќе Ви овозможи брзо донесување на одлуки, врз основа на вредни информации кои ќе Ви помагаат во проценката на потенцијалните деловни партнерии и категоризацијата на купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја.
Специфичност на услугата Бонитетен извештај:
• Нарачка и достава преку е-пошта или факс, во формат PDF
• Извештаите вклучуваат кредитен рејтинг, информации за плаќањата и максималната препорака на кредитот во бројки.
• Извештајот е достапен на англиски или германски јазик.