„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

МЕЃУНАРОДНИОТ ПАЗАР НА ТУРИЗМОТ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СЕ ОБНОВУВА

02.02.2023

Најголем дел од домапните компании во секторот се`уште не успеваат да го надминат прагот на рентабилноста во својата дејност откако е започната кризата.

Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора активно придонесува за развој на модерна, конкурентна туристичка индустрија на професионална основа. Само во последните три години во услови на се`уште актуелната мулти криза во која угостителско туристичкиот сектор во првите две години (2020 и 2021) беше сериозно погоден (доживеа шок од досега невидени размери и целосно блокирање на секторот што резултираше со целосно рушење на сите конститутивни елементи на пазарот на туризмот), на адреса на владините институции испрати над 65 предлози (иницијативи, мерки, решенија, насоки), базирани на серија истражувања и анализи и изработени две студии за негативните ефекти на Ковид-19 кризата врз секторот.

Со релаксирање на претходно строгите мерки за заштита од пандемијата отпочна процесот на обнова на туристичкиот пазар. Иако сеуште слаб и со бројни предизвици туристичкиот сектор постепено се рехабилитира од шокот кој беше предизвикан од здравствената пандемија. Сепак, остварениот туристички промет на странски туристи во Република Северна Македонија во 11 те месец 2022 година во однос на истиот период 2019-та година е помал за 30%.  Според достапните податоци од Светската туристичка организација европските држави просечно оствариле 20% помал туристички промет во однос на наведениот период за 2019 та годинабеше кажано на Седницата на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, која се одржа во хибридна форма со физичко и он лине присуство

Овој тренд на обновување на секторот ги поттикна државите со прогресивни политики во туризмот да ја искористат шансата за брзо обновување на сопствената економија токму преку туризмот истовремено  надоместувајќи за загубите предизвикани од пандемијата, а со зголемување на извозот токму преку најефикасниот механизам во состав на управувачкиот систем кој со силна поддршка и промоција на дестинацијата веќе генерираат многу повисок девизен прилив во споредба со 2019-та година односно пред пандемијата, што е случај и со земјите од регионот како директна конкуренција на нашата држава како туристичка дестинација.

Кај нас останува впечатокот дека секторот не е препознаен како економски систем во Република Северна Македонија. Оттаму произлегува потребата повторно да се испорачаат опипливи политики на поддршка и промоција на дестинацијата како не би се нашле во целосно подредена положба во однос на основните конкуренти.

Факт е дека и покрај сите предизвици со кои се соочува секторот, меѓународниот пазар на туризмот полека но сигурно се обновува, сепак сето ова е недоволно за да говориме за успеси. Како резултат на непредвидливото континуирано зголемување на производните трошоци, најголем дел од компаниите во секторот се`уште не успеваат да ја надминат преломната точка на изедначување на приходите и расходите, односно се`уште не го надминале прагот на рентабилноста во својата дејност откако е започната кризата.  За ова секако придонесува драстичното зголемување на цената на енергенсите, трудот, услугите, прехранбените продукти, а сето тоа во услови кога бележиме за 30% понизок туристички промет како дестинација во однос на 2019-та година односно пред пандемијата. Нарушувањето на меѓународната безбедност настаната од воениот конфликт во Украина дополнително создава потешкотии при натамошното планирање особено што производните трошоци тешко можат да се предвидат. Следствено додека меѓународната безбедност е нарушена за очекување е и стабилноста на туристичкиот пазар да биде нарушена.

Зголемената побарувачка при процесот на обнова на секторот беше проследена со потребата од кадар кој за жал е среирозно дефицитарен и во пресрет на новата летна туристичка сеозна се очекува масовен одлив на работници од овој сектор кон светски туристички дестинации пред се Хрватска, Црна Гора итн.

Имајќи го предвид фактот дека, туризмот е единствен сектор кој поседува потенцијал да ги надомести економските загуби предизвикани од здравствената пандемија во краток рок, притоа без поголеми инвестиции туку низ креирање можности и поволни услови за инвестиции во туризмот, од исклучително значење е да се обезбедат поволни можности за инвестирање, што ќе ги мултиплицира приходите од туризам во националната економија во краток рок.

На седницата се разговараше и за повеќе системски прашања кои се отворени и кои за компаниите имаат исклучително важно значење во креирање на деловниот амбиент и правење анализи и проекции за водењето бизнис за периодот што следува.