„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

ПРВА СЕДНИЦА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОСИГУРИТЕЛНО-БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА ВО 2023 ГОДИНА

27.01.2023

Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва при Стопанската комора на Северна Македонија  на 25 јануари ја одржа својата прва редовна седница во 2023 година. На седницата се дискутираше за актуелни теми и состојби во оваа дејност, проблемите со кои се соочуваат осигурителните брокерски друштва, обврските за известување кон Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), како и за активности кои треба да допринесат за раст на дејноста.

На седницата беа поканети и претставници од Агенцијата за супервизија на осигурување со кои осигурителните брокерски друштва ги дискутираа тековните законски обврски за известување кон АСО и можноста за унапредување на одредени решенија предвидени во правилниците и упатствата на супервизорот. За таа цел ќе се формира работна група од членките на Асоцијацијата на осигурително – брокерските друштва која заедно со АСО ќе работи на унапредување и допрецизирање на одредени практични решенија.

Претставниците на седницата заклучија дека за развој на дејноста потребна е поголема едукација на клиентите, правни и физички лица, за предностите од користењето на услугите кои ги даваат осигурително брокерските друштва и запознавање со нивната работа. За таа цел, ќе се организираат едукативни настани, како и отворен ден во Комората. Асоцијацијата ќе превземе и други активности кои значат афирмација на осигурителната дејност и доближување до европската регулатива и стандарди на работење.