„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

ПРИОРИТЕТ НА ЗАСТАПЕНОСТ НА ДОМАШНИТЕ КОМАПАНИИ ВО НИСКОГРАДБАТА И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЦЕНИТЕ ВО ВИСОКОГРАДБА

12.05.2023

Во „Економски Магазин“ на АлсатМ, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустријата на градежни матријали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија, говори за барањата на секторот до Владата да обзбеди бизнис услови, олеснувања и привилегии за домашните градежни компании, идентични на оние услови кои ќе ги обезбеди за стратешкиот партнер при изградба на коридорите 8 и 10.

Посебно се истакна проблемот за предлог измените на работното време на работниците, нивните права и можности, за што од Здружението на градежништво, индустријата на градежни матријали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија велат: 
„Младите работници немаат амбиции да работат, имаме голем одлив на млади работници. Старите работници се на просек од околу 55 години, а работници со тој просек не може да работат повеќе од 8-9 часа на ден. Јас мислам дека тој услов го бара Владата за стратешкиот партнер, затоа што се има намера да се увезат работници. А, знаеме дека работниците кои доаѓаат од Пакистан или Индија работат по 10 часа. Да го искористиме овој проект на нашите работници да им обезбедиме поголеми примања “.
Освен за нискоградба, тема во ,,Економски магазин,, беше и цената на станбениот простор која урива рекорди, при што беше посочено  дека во одредени општини во Скопје достигнува и две илјади евра за метар квадратен.
„По сите анализи што ги има Здружението и сите прогнози што ги очекуваме до крајот на оваа година, како и во иднина, не се очекува намалување на цените на становите, туку се очекува извесна стабилизација на цените, особено во оние региони каде има голема тренсакциска активност“, изјави Андреа Серафимовски.