„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Текстилната и кожарската индустрија претставуваат едни од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.
Во Стопанската комора на Македонија, во рамките на Здруженијата делува и Здружението на текстилната и кожарската индустрија кое опфаќа;
- подготовка и предење на текстилни влакна;
- ткаење на текстил;
- довршување на текстилни ткаенини;
- производство на готови текстилни предмети, освен облека;
- прозводство на други текстилни предмети;
- производство на облека и разни видови на облека;
- доработка и боење на крзно и производи од крзно;
- штавење и доработка на кожа;
- производство на куфери, рачни торби и слични предмети;
- производство на обувки.
За развојните можности на текстилната и кожарската индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување, и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија. Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со текстилната и кожарската индустрија во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.
На седница на Здружението на текстилната и кожарската индустрија одржана на 05.02.2020 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен период е избран Ангел Димитров, „А.Д. Мода“ – Свети Николе, а за заменик-претседатели се избраа: Лидија Милановска, „Де Марко ДООЕЛ“ – Куманово и Слободан Дамјанов, „Дамјанов дел ДООЕЛ“ - Делчево.
За претставници од Здружението на текстилната и кожарската индустрија, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2020-2025 година се избраa:
1. Весна Петровска, „Окитекс ДОО“ - Скопје
2. Ирена Јакимовска, „Комфи Ангел ДОО“ - Прилеп
3. Атанас Киров, „A.Д. Димко Митрев“ - Велес
|
2015
|
2016
|
2017
|
2020
|
2021
|
Учество во БДП
|
2,41%
|
2,59%
|
2,73%
|
2,32%
|
/
|
Број на вработени
|
46.558
|
48.088
|
46.770
|
47.430
|
41.747
|
Извоз на стоки (во милиони евра)
|
590.7
|
586.2
|
595.9
|
563,7
|
476.1
|
Учество во вкупниот извоз
|
14,6%
|
13,5%
|
11,9%
|
8,49%
|
6,87%
|
Увоз на стоки (во милиони евра)
|
593.5
|
561.7
|
615.6
|
639.9
|
598.3
|
Учество во вкупниот увоз
|
10.3%
|
9.2%
|
9%
|
7,5%
|
6,2%
|
Правилниците за одредување на називите на и суровинскиот состав на текстилните производи врз основа на член 20, став 1, точка 5 од Законот за безбедност на производите и тоа:
1. Правилник за одредување на суровинскиот состав и називите на текстилните производи; ( Сл. весник на РМ.бр.33/06)
2. Правилник за постапката за избор на методи за квантитативна анализа на двокомпонентните мешавини на текстилни влакна; ( Сл. весник на РМ.бр.33/06)
3. Правилник за постапката за избор на методи за квантитативна анализа на трикомпонентните мешавини на текстилни влакна ( Сл. весник на РМ.бр.33/06)
Актуелни Иницијативи за нaдминување на отворени прашања
Состојбите укажуваат дека проблемите, кои се лимитирачки фактори за консолидација на секторот по однос на правната регулатива и нејзината имплементација, главно се во следните области:
Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување согласно кој, основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување, не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Македонија објавена во тековниот месец. Стопанствениците од текстилната и кожарско-преработувачката индустрија укажуваат дека намалувањето на висината на вкупните давачки од платата може да биде за нив реално, само доколку основица за пресметување и плаќање на придонесите, биде 50% од просечната плата во месец декември од тековната за наредната година.
Пресметките покажуваат дека само на овој начин може да се постигне ефектот од намалувањето на висината на придонесите од плата во трудоинтензивните гранки, што се потврдува со пресметките по објавата на најниската основица за плаќање на придонесите од плата за 2010 година, што е за 18% поголема во однос на основицата за 2009 година, секако не поради реалното зголемување на платите, туку како резултат на воведување на концептот на бруто-плати и вклучувањето на исхраната и превозот во истата.
Закон за безбедност на здравјето при работа („Службен весник на РМ“ бр. 92/97)
Задолжителните контроли на работниците, со измена на член 22 од Законот, да не бидат на товар на работодавачот, кој редовно исплатува придонес за здравствено и социјално осигурување за своите вработени, туку на товар на Фондот за здравство, затоа што основните здравствени услуги веќе се платени, или пак да се подмират од средствата кои се издвојуват по основ на професионални заболувања.
Измена на Законот за царинска тарифа
Конкурентноста на домашното производство е клучен фактор за опстојување и проширување на пласманот на домашниот и странскиот пазар. Во тој контекст, уште еднаш се побара измена на Законот за царинска тарифа, со намалување на царинската стапка кај одредени суровини и репроматеријали кои се користат во кожарско преработувачката индустрија.
Пр. Суровата кожа под тарифен број 4102109000 не подлежи на царински давачки, Но, производителите во одделни случаи увезуваат сурова овчка кожа, на која за разлика од вообичаената за работа, има извршено поголем степен на конзервација неопходен за заштита од распаѓање на кожата поради подолг период на транспорт. Овој повисок степен на конзервација не значи дека кожата е штавена, поради што таа треба да се декларира како сурова кожа и да не шподлежи на плажање царински давачки.
СООДВЕТНА ЗАШТИТА ОД УВОЗ
Во функција на соодветна заштита од увоз, исто така, преку единствената бариера - квалитетот, се инсистира на доследна примена на донесениот правилник за квалитет за кожарско-преработувачката индустрија:
Правилникот за начинот на етикетирањето на материјалите што се користат во главните компоненти на обувките што им се продаават на потрошувачите.
Воведување антидампиншка царина за обувките произведени во НР Кина
На седницата на Советот на ЕУ од 22 декември 2009 е потврдено продолжување на антидампишката давачка за сите видови на обувки со кожниот горен дел, освен спортските обувки, обувки на кои е применета специјална трхнологија, влечки и други обувки за внатрешната употреба произведени во НР Кина, Виетнам и Макао. Вредност на антидампишката давачка е од 9,7% до 16,5 %, ад валорем давачката / ЕЗ L 352 од 30.12.2009
Студиите на Комисијата покажуваа дека овие давачки ги постигнале своите цели. Откако тие беа најавени, учеството на кинеските и виетнамските увози се стабилизира на околу 30% од европскиот пазар со обувки со горен дел од кожа и европските производители го задржаа учеството од 40-45%. Според ЕУ примената на давачките (кои не се однесуваат за спортските обувки, кои практично повеќе не се произведуваат во Европа) е зголемена за само 1,50 евра на просечната увозна цена на пар на чевли од околу 10 евра, споредена со многу поголемата продажна цена во продавниците.
Според Комисијата доколку се отстранат мерките во оваа фаза би довело до зголемување на дампингот и штетата – и потенцијално запирање на процесот на адаптирање на една индустрија која што вработува над 260.000 работници во ЕУ.
24.01.2023
На 24.1.2023 година во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работен состанок на Здружението на текстилната и на кожарската индустрија, на кој се дискутираше за актуелните состој...