„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука на Уставниот суд на РСМ со која се поништува член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст“ од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

08.04.2024

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Северна Македонија, член 70 став 1 алинеја 1 и член 73 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 27 март 2024 година, донесе
О Д Л У К А
 
1. СЕ ПОНИШТУВА член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст“ од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 269/2023).
2. Оваа одлука ќе се објави во Службен весник на Република Северна Македонија“.
Образложение
I
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, со Решението У.бр.210/2023 од 14 февруари 2024 година, поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 2) во делот најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (Службен весник на Република Северна Македонија” број 269/2023), затоа што пред Судот, со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.