Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
Член 1
Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на сипаници кај овци и кози се забранува увоз и транзит во Република Северна Македонија на живи домашни и диви овци и кози, семе, јајце клетки и ембриони од домашни и диви овци и кози кои потекнуваат од регионите Бургас/Burgas и Јамбол/Yambol во Република Бугарија.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02 –2655/1 Агенција за храна и ветеринарство
20 септември 2023 година в.д. Директор,
Скопје Николче Бабовски, с.р.