„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.201 од 26.09.2023 г. Решение за забрана на увоз и транзите на живи животни заради заштита од внесување на вирусот на сипаници кај овци и кози во РСМ по потекло од Република Бугарија

27.09.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
 
Член 1
Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на сипаници кај овци и кози се забранува увоз и транзит во Република Северна Македонија на живи домашни и диви овци и кози, семе, јајце клетки и ембриони од домашни и диви овци и кози кои потекнуваат од регионите Бургас/Burgas и Јамбол/Yambol во Република Бугарија.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02 –2655/1                              Агенција за храна и ветеринарство
20 септември 2023 година                        в.д. Директор,
Скопје                                                     Николче Бабовски, с.р.