Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјо-делство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 23 мај 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА
Член 1
Во Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните из- носи и начинот на директните плаќања за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.30/23 и 42/23) во членот 2 став (2) во табелата во подмерката 1.8. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 4 зборовите „за секој вид одделно“ се бришат.
Во подмерката 1.9. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 6 збо- ровите „за секој вид одделно“ се бришат.
Во подмерката 1.16. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 2 зборовите „2023 година“ се заменуваат со зборовите „2024 година".
Во ставот (3) во табелата во подмерката 2.2. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи: „- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.3. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 бројот „2.3“ се заменува со бројот „2.4.“.
Во подмерката 2.5. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 по зборовите „април 2023 година“ се додаваат зборовите ,,и истите да се чувани најмалку три месеци во одгле- дувалиштето пред денот на предавањето во кланичен капацитет”.
Во подмерката 2.9. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи:
„- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.11. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи: „- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како при- марни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.14. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 зборот „јануари“ се заменува со зборот „април“.
Подмерката 2.18. се менува и гласи:
2.18.
|
Директни
|
- Корисници на оваа подмерка
|
|
плаќања за
|
се земјоделски стопанства
|
|
регистрирано
|
регистрирани во Регистарот на
|
|
презимено
|
одгледувалишта на пчели кој се
|
|
пчелно
|
води во Агенцијата за храна и
|
|
семејство
|
ветеринарство кои поседуваат најмалку 10 презимени пчелни семејства;
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство; - На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени
|
пчелни пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
- да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
- да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
- да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и
- Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.
Во ставот (4) во алинејата 1 по бројот „1.2.,“ се додава бројот „1.3.,“, по бројот „1.6.,“ се додава бројот „1.7.,“, по бројот „1.9.,“ се додава бројот „1.10.,“ , а по бројот „2.9.,“ се додава „2.10.,“.
Во алинејата 2 точката в) по бројот „2.9.,“ се додава бројот „2.10.,“.
Во ставот (6) во алинејата 2 зборовите „подмерките
2.9., 2.10., 2.11. и 2.18“ се заменуваат со зборовите „подмерките 2.8., 2.10. и 2.18“.
Член 2
Во членот 4 во точката 1 зборовите „31 мај“ се за-менуваат со зборовите „30 јуни“, а зборовите „подмерките 2.1., 2.2., 2.3., 2.5., 2.6., 2.7., 2.8., 2.9. 2.10., 2.11.,
2.14., 2.18. и 2.19.“, се заменуваат со зборовите „подмерките 2.1., 2.3., 2.5., 2.6., 2.7., 2.8., 2.10., 2.13., 2.14. и 2.18.“.
Во точката 2 зборовите „подмерката 2.20.“ се заменуваат со зборовите ,,подмерките 2.19. и 2.20.".
Во точката 3 алинејата 1 се брише.
Алинејата 2 се менува и гласи:
,, - до 30 јуни 2023 година во периодот од 1 октомври 2022 година до 31 април 2023 година.”
Член 3
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4915/5 Претседател на Владата
23 мај 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.