„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА

30.05.2023

Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјо-делство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 23 мај 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА
Член 1
Во Уредбата за поблиски критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните из- носи и начинот на директните плаќања за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.30/23 и 42/23) во членот 2 став (2) во табелата во подмерката 1.8. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 4 зборовите „за секој вид одделно“ се бришат.
Во подмерката 1.9. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 6 збо- ровите „за секој вид одделно“ се бришат.
Во подмерката 1.16. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 2 зборовите „2023 година“ се заменуваат со зборовите „2024 година".
Во ставот (3) во табелата во подмерката 2.2. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи: „- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.3. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 бројот „2.3“ се заменува со бројот „2.4.“.
Во подмерката 2.5. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 по зборовите „април 2023 година“ се додаваат зборовите ,,и истите да се чувани најмалку три месеци во одгле- дувалиштето пред денот на предавањето во кланичен капацитет”.
Во подмерката 2.9. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи:
„- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.11. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
По алинејата 1 се додава нова алинеја 2 која гласи: „- Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како при- марни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна и“.
Во подмерката 2.14. во колоната „Поблиски критериуми и висина на директни плаќања“ во алинејата 1 зборот „јануари“ се заменува со зборот „април“.
Подмерката 2.18. се менува и гласи:
2.18.
Директни
- Корисници на оваа подмерка
 
плаќања за
се земјоделски стопанства
 
регистрирано
регистрирани во Регистарот на
 
презимено
одгледувалишта на пчели кој се
 
пчелно
води во Агенцијата за храна и
 
семејство
ветеринарство кои поседуваат најмалку 10 презимени пчелни семејства;
-Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство; - На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени
 
пчелни пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
  1. да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
  2. да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
  3. да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и
- Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.   
Во ставот (4) во алинејата 1 по бројот „1.2.,“ се додава бројот „1.3.,“, по бројот „1.6.,“ се додава бројот „1.7.,“, по бројот „1.9.,“ се додава бројот „1.10.,“ , а по бројот „2.9.,“ се додава „2.10.,“.
Во алинејата 2 точката в) по бројот „2.9.,“ се додава бројот „2.10.,“.
Во ставот (6) во алинејата 2 зборовите „подмерките
2.9., 2.10., 2.11. и 2.18“ се заменуваат со зборовите „подмерките 2.8., 2.10. и 2.18“.
Член 2
Во членот 4 во точката 1 зборовите „31 мај“ се за-менуваат со зборовите „30 јуни“, а зборовите „подмерките 2.1., 2.2., 2.3., 2.5., 2.6., 2.7., 2.8., 2.9. 2.10., 2.11.,
2.14., 2.18. и 2.19.“, се заменуваат со зборовите „подмерките 2.1., 2.3., 2.5., 2.6., 2.7., 2.8., 2.10., 2.13., 2.14. и 2.18.“.
Во точката 2 зборовите „подмерката 2.20.“ се заменуваат со зборовите ,,подмерките 2.19. и 2.20.".
Во точката 3 алинејата 1 се брише.
Алинејата 2 се менува и гласи:
,, - до 30 јуни 2023 година во периодот од 1 октомври 2022 година до 31 април 2023 година.”
Член 3
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4915/5                                     Претседател на Владата
23 мај 2023 година                  на Република Северна Македонија,
     Скопје                                   д-р Димитар Ковачевски, с.р.