Врз основа на член 172 став (4) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 мај 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА
ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.27/23), во дел IV, во точката 2 износот „8.000.000,00” се заменува со износот „11.500.000,00”.
Во точката 3 износот „7.000.000,00” се заменува со износот „10.500.000,00”.
Во точката 5 износот „15.000.000,00” се заменува со износот „8.000.000,00” ”.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4720/3 Прв заменик на претседателот
16 мај 2023 година на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р.