„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2023 ГОДИНА

22.05.2023

Врз основа на член 172 став (4) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 мај 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА
ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.27/23), во дел IV, во точката 2 износот „8.000.000,00” се заменува со износот „11.500.000,00”.
Во точката 3 износот „7.000.000,00” се заменува со износот „10.500.000,00”.
Во точката 5 износот „15.000.000,00” се заменува со износот „8.000.000,00” ”.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4720/3                                       Прв заменик на претседателот
16 мај 2023 година  на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                     д-р Artan Grubi, с.р.