„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

15.05.2023

Врз основа на член 24 став (4) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20), министерот за транспорт и врски донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ
ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.225/20, 219/21 и 104/22), во член 15 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
„(6) За добивање на податоците и информациите потребни за структурните делови од документационата основа на урбанистичкиот план, од државните органи, единиците на локалната самоуправа, градот Скопје (за
урбанистички планови што ги донесуваат општините во градот Скопје), институциите, установите и правните лица кои вршат јавни овластувања, односно работи од областа и дејности релевантни за програмирање на развојот и урбанистичкото планирање, од страна на донесувачот или изработувачот на урбанистичкиот план се доставуваат:
  • планска програма на урбанистичкиот план (во онаа фаза од изработката и одобрувањето во која се наоѓа),
  • важечки акт за планирање на просторот од соодветниот плански опфат (доколку го има),
  • прелиминарна граница на планскиот опфат, исцртана на ажурирана геодетска подлога, како и природата на податоците и информациите што се релевантни за планирањето и
  • доколку со планскиот опфат се зафаќаат нови земјоделски површини со барањето се доставува и друга документација релевантна за земјоделското земјиште (скица на плански опфат со графички приказ за земјоделското земјиште, список на индикации за катастарските парцели и спецификација на површината за деловите од кататстарските парцели кога со планскиот опфат се зафаќа земјоделско земјиште кое влегува со делови од катастарската парцела).“
Целосниот текст на правилникот