„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка

09.05.2023

Транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Ова е стратешка определба усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030.
Република Северна Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на Регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има и политичко значење во процесот на позиционирање на земјата како неизбежна транспортна рута. Заокружувањето на инвестициите на овие Коридори е од клучно значење за целосна функционалност и одржување на добрата кондиција на патната и железничката мрежа.