Транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Ова е стратешка определба усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030.
Република Северна Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на Регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има и политичко значење во процесот на позиционирање на земјата како неизбежна транспортна рута. Заокружувањето на инвестициите на овие Коридори е од клучно значење за целосна функционалност и одржување на добрата кондиција на патната и железничката мрежа.