„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ОДДЕЛНИ СТОКИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.93 ОД 14.4.2022 ГОДИНА)

17.04.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 април 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Член 1
Во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 55/22 и 67/22), во членот 1 во табелата потарифната ознака 1206 00 - семе од сончоглед, вклучувајки кршено или дробено, се додава нова тарифна ознака која гласи:
1214 10 00 00   брашно и пелети од луцерка (alfalfa)
Член 2
Во членот 2 зборовите „15 април 2022 година” се заменуваат со зборовите „15 мај 2022 година”.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 41-3379/1                                                                                           Прв заменик на претседателот
12 април 2022 година                                                               на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                                    д-р Artan Grubi, с.р.