ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 30 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 април 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Член 1
Во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 55/22 и 67/22), во членот 1 во табелата потарифната ознака 1206 00 - семе од сончоглед, вклучувајки кршено или дробено, се додава нова тарифна ознака која гласи:
1214 10 00 00 |
брашно и пелети од луцерка (alfalfa) |
Член 2
Во членот 2 зборовите „15 април 2022 година” се заменуваат со зборовите „15 мај 2022 година”.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3379/1 Прв заменик на претседателот
12 април 2022 година на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р.