„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ (ЗНБП) 2021/751 НА СОВЕТОТ ОД 6 МАЈ 2021 ГОДИНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2013/255/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ СИРИЈА (БРОЈ НА СЛУЖБЕН ВЕСНИК: 65/2022, ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ: 17.3.22)

20.03.2022

 ОДЛУКА

ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ (ЗНБП) 2021/751 НА СОВЕТОТ ОД 6 МАЈ 2021 ГОДИНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2013/255/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ СИРИЈА
Член 1
Со оваа одлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2021/751 на Советот од 6 мај 2021 година за спроведување на Одлуката 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- ембарго на оружје
- ембарго на стоки и услуги;
- финансиски мерки;
- забрана за влез во Република Северна Македонија.
Член 3
Се определуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за транспорт и врски и Министерството за финансии - Управа за финансиско разузнавање за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2021/751 на Советот од 6 мај 2021 година за спроведување на Одлуката 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки против Сирија се воведуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-1687/1                                                                                                       д-р Димитар Ковачевски, с.р.,
8 март 2022 година, Скопје                                                 Претседател на Владата на Република Северна Македонија