ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ (ЗНБП) 2021/751 НА СОВЕТОТ ОД 6 МАЈ 2021 ГОДИНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2013/255/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ СИРИЈА
Член 1
Со оваа одлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2021/751 на Советот од 6 мај 2021 година за спроведување на Одлуката 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- ембарго на оружје
- ембарго на стоки и услуги;
- финансиски мерки;
- забрана за влез во Република Северна Македонија.
Член 3
Се определуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за транспорт и врски и Министерството за финансии - Управа за финансиско разузнавање за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2021/751 на Советот од 6 мај 2021 година за спроведување на Одлуката 2013/255/ЗНБП за рестриктивни мерки против Сирија во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик е дадена во прилог и е составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки против Сирија се воведуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1687/1 д-р Димитар Ковачевски, с.р.,
8 март 2022 година, Скопје Претседател на Владата на Република Северна Македонија