„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Еднодневна бесплатна обука на тема БИЗНИС ИНТЕГРИТЕТ, 28 ноември 2024 година, конференциска сала во х. Капри – Битола

14.11.2024 - 27.11.2024 , Обука

конференциска сала во х. Капри – Битола

 Стопанската комора на Северна Македонија ве поканува да се пријавите на обука на тема „Бизнис интегритет“, која е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, финансиски поддржан од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија - УСАИД. Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на компаниите во областа на интегритетот, транспарентноста и етичкото работење, преку практични примери и алатки кои ќе помогнат да се подигне нивото на отчетност во вашето работење.

Зошто е ова важно за вас?

Обуките за бизнис интегритет носат значителна корист за компаниите, бидејќи интегритетот не е само прашање на етичко однесување, туку и на конкурентност на пазарот. Компаниите кои применуваат принципи на интегритет и транспарентност не само што го зајакнуваат своето внатрешно работење, туку и ја зголемуваат својата доверба кај клиентите, партнерите и инвеститорите. Воспоставувањето висок степен на деловен интегритет е од витално значење за целиот ланец на компании со кои соработувате, што придонесува за долгорочен успех и одржливост на вашето работење.

Обуката ќе се одржи во Битола, во хотел Капри (конференциска сала), на 28 ноември 2024 година. Ќе бидат опфатени следните теми:

  • Вовед во бизнис интегритет: Што е интегритет и кои се придобивките за компаниите.
  • Како интегритетот влијае врз компании надвор од ЕУ.
  • Меѓународна и ЕУ регулатива: Преглед на регулативи од ОН, ОЕЦД, САД, ЕУ и стандардот ИСО 37001.
  • Основни елементи на систем за интегритет: Како да се постави систем за интегритет во компанијата.
  • Практични примери: Примена на принципите на интегритет во реални ситуации.
  • Мерки за подигање на свесноста: Како да ја зголемите свесноста за интегритет кај вработените и партнерите.
 
За кого е наменета обуката

Обуката првенствено е наменета за лица кои работат на усогласеност со прописи, управување со човечки ресурси и со правни работи, како и за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на деловниот интегритет.

Предавачи

Јованка Кенкова Пјевац е офицер за усогласеност во Македонски Телеком АД Скопје со повеќегодишно искуство во областа на бизнис интегритет, етика и усогласеност. Таа е одговорна за дефинирање на стратегиските насоки за усогласеност, управување со ризиците од неусогласеност и имплементација на системи за спречување измами. Јованка има значајно искуство во спроведување на истраги за неправилности, развој на антикорупциски програми и учество во меѓународни проекти за зголемување на транспарентноста и одговорноста.

Елена Тримчевска Лапе е корпоративен офицер за усогласеност во Алкалоид АД Скопје со повеќе од 20 години работно искуство во правната и корпоративната област. Таа е одговорна за имплементацијата на системот за усогласеност во групацијата Алкалоид и има значајна улога во обезбедување обуки за етичко однесување и спречување на корупција. Елена има долгогодишно искуство во управување со правни проекти, ревизии и истраги, како и во креирање на стратегиски документи за усогласеност и етика.

Како да се пријавите?

Пријавувањето за обуката е со доставена пријава од вас на електронските адреси кои се наведени како контакт лица од Стопанската комора, најдоцна до 27 ноември (среда) 2024 година. Бројот на учесници е ограничен, па затоа ве охрабруваме да се пријавите што поскоро. 

Работен јазик: македонски јазик. 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    

  •  работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.        

Контакт лица:

 Валентина Цветковска

Телефон: + 389 2 3244063
Е-пошта: valentina@mchamber.mk

 

м-р Никола Димковски,

Регионална канцеларија Битола

Телефон: + 389 47 225088,
Е-адреса: regiobt@mchamber.mk