„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Еднодневна обука на тема: INCOTERMS 2020 – СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО НАДВОРЕШНОТО ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ – 27.11.2024 година

07.11.2024 - 26.11.2024 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија сала 1 на 5-ти кат, време: 11:00 – 16:00 часот

 Семинарот дава одговори на следните прашања:

 

Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?

Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?

Што значи новото правило  DPU?

Што е разликата помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020?


Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA, CIP или CIF?
Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
Што е разликата помеѓу CIP и CIF?

Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?

Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?

 
__________________________________________________________________________
 

Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Северна Македонија, организира семинар на тема: INCOTERMS 2020 – СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ВО НАДВОРЕШНОТО ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ, што ќе се одржи на 27.11.2024 година (среда), од 11:00 до 16:00 часот.

             
ПРОГРАМА:
 

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?

- Предностите на ИНКОТЕРМС

- Тие се дел од Договорот за ...?

- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?

- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;

- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;

- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020

- Основните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:

   EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF.

 
Целна група:
 

Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.

 
             Предавач:
 

- Карло Змајшек, поседува повеќе од 30 годишно искуство во делот на шпедитерското работење. Член е на МИФА (Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори) од нејзиното основање во 1993 година. Во рамките на разни проекти и унапредување на знаењата има одржано повеќе од 200 интерактивни обуки од надворешно трговското работење, најмногу за Инкотермс. Автор е на книгата „Практичен прирачник за правилата ИНКОТЕРМС 2010“. Долгогодишен член на комисијата за полагање за лиценци за царинските посредици во Царинска управа. Исто е и обучувач во програмата за обука на царинските застапници. Активен директен учесник во секојдневните шпедитерските активности и предизвици во Макпетрол А.Д. каде во моментов работи во Секторот за транспортна логистика.

            

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

 

-              работни материјали во електронска верзија;

-              ручeк и освежување;

-              сертификат за учество на семинарот.

 

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22.11.2024 година. Групата е ограничена на 25 учесници, а принципот на пријавување е прв пријавен – прв услужен.


Контакт лица:

  м-р Михајло Донев  

Телефон: 02 32 44 067
 
 

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова 

Телефон: 02 32 44 074
anita.mitrevska@mchamber.mk