„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.08.2024 - 19.11.2024 , Конференција
Хотел Crown Plaza, Белград, Србија
Јадранската бизнис академија (Adriatic Business Academy) во партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија преку Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција” на УСАИД, Ве поканува да земете учество на Регионалната конференција-PL (Private label)во FMCG, B2B средби и купувачка мисија: Клуч до успех или стратегија запреживување? кои ќе се одржат на 18 и 19 ноември 2024 година, во Белград, Србија.
Ø Брендирање на производ;
Ø Производство на приватна стокова марка PL;
Ø Преговарање со купувачите
Пазарот постојано се менува, трговските синџири постојано ги унапредуваат своите понуди и системи за работа, дисконтите се повеќе наликуваат на супермаркети, а уделот на приватните стокова марка расте со голема брзина. Откријте ги најновите информации од индустријата од искусни експерти.
Ø 1 ноќевање за 2 лица од иста компанија во Хотел „Crown Plaza“ - Белград (вклучено двокреветна соба со појадок) учество на конференцијата за приватни трговски марки и B2B средби, 15 организирани состаноци со потенцијални купувачи, организирана вечера и вмрежување со деловни партнери. Цена на пакет: € 2.500.
Ø Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со УСАИД преку проектот за „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“ покрива 50% од цената на пакетот за првите 7 пријавени компании;
Ø Овие компании ќе треба да го покријат трошокот од € 1.250 кон главниот организатор Adriatic Business Academy.
Ø Предност имаат домашни мали и средни извозно ориентирани компании;
Ø Принципот на пријавување е прв дојден, прв услужен.
Ø Пополнете го формуларот за изразување интерес за учество на Конференцијата и B2B средбите, кој е даден во прилог и доставете го;
Ø Склучување на договор со организаторот и Комората за покривање на средствата;
Ø Уплатата на средствата кон организаторот е до 16.09.2024 година, за да се гарантира организацијата на средбите со таргетирани купувачи и бизнис партнери. Информација за начинот на плаќање ќе добиете по доставување на пополнет формулар.