„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Заради унапредување на дејностите поврзани производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материјали и пиротехнички средства, како и опрема за воена и цивилна намена, на иницијатива на повеќе компании, на ден 23.03.2016 година се одржа конститутивната седница, со што се формираше нова Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна опрема како посебна форма на организирање и работење во рамки на Здружението на трговијата.
За претседател на Групацијата е избран г-дин Димитар Мангутов, управител на Диманко - Скопје, а за заменик-претседател е избран г-дин Јовица Ѓуричиќ управител на Специјална Опрема -Скопје. Покрај тоа беше избран и Управен одбор на Групацијата, во кој што се избрани преставници кои што ќе ги претставуваат интересите на сите членови на Групацијата од областа на: трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материјали; трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети; трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема); обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и стрелишта за цивилна намена; производство на оружје и опрема, како и концесии на ловишта и ловечки друштва.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.
За претседател на Групацијата е избран г-дин Димитар Мангутов, управител на Диманко - Скопје, а за заменик-претседател е избран г-дин Јовица Ѓуричиќ управител на Специјална Опрема -Скопје. Покрај тоа беше избран и Управен одбор на Групацијата, во кој што се избрани преставници кои што ќе ги претставуваат интересите на сите членови на Групацијата од областа на: трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материјали; трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети; трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема); обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и стрелишта за цивилна намена; производство на оружје и опрема, како и концесии на ловишта и ловечки друштва.
⮞ Димитар Мангутов, Претседател, ДИ МАН КО, Скопје
⮞ Јовица Ѓуричиќ, Заменик претседател, СПЕЦИЈАЛНА ОПРЕМА, Скопје
⮞ Владимир Глигоровски, АС-КОМЕРЦ, Гостивар
⮞ Владимир Симоски, АРСЕНАЛ, Струга
⮞ Горан Тренески, ИЦЕМАК, Скопје
⮞ Костадин Поп-Костов, ОГНОМЕТИКА, Скопје
⮞ Панче Поповски, МИКЕИ-ИНТЕРНАЦИОНАЛ, Скопје
⮞ Сабрина Георгиевска Ангелеска, ТАРГЕТС, Скопје
⮞ Томе Асарџиев, АС-ТО, Струмица
03.11.2016
КВАЛИТЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОРУЖЈЕ
На седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 2.11.2016 година, беа дефинирани предлог измени и дополнувања на Законот за оружје, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Повеќе на
19.10.2016
Седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена
На седницата на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 19.10.2016 година, беше разгледан актуелниот Закон за оружје и беше констатирано дека се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Беше укажано дека се потребни измени и на другите закони, што се од интерес за компаниите – членки на Групацијата за оружје и опрема, како Законот за пиротехнички и други материјали и Законот за ловство. За таа цел, бизнис заедницата активно ќе се вклучи во работните групи од ресорните министерства за анализа и подготовка на квалитетни нови предлог-текстови за измени и дополнувања на законите..
На основачката Седница на групацијата, одржана на 23.3.2016 година, беа донесени следните Одлуки и Правила: