„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.07.2025
Во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24, гостинка беше Габриела Кулебанова, претседателка на Центарот на микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора на Северна Македонија, која зборуваше на тема „Стратегија за развој на ММСП 2025–2030“.
Кулебанова истакна дека новата стратегија, финансирана од Европската унија, има за цел да ја постави Северна Македонија како конкурентна, дигитализирана и одржлива економија, каде микро, малите и средни претпријатија ќе бидат носители на иновациите, вработувањето и регионалниот развој.
За разлика од претходните, оваа стратегија е резултат на темелна и инклузивна работа – креирана е во соработка со релевантни министерства, комори, агенции и меѓународни експерти. Работната група започнала со работа минатата година, веќе е изготвен акцискиот план, а се во финална фаза на консултации со сите засегнати страни.
Според Кулебанова, клучно е тоа што при изработката се вклучени мислењата и коментарите на сите учесници, а стратегијата предвидува континуирано следење и евалуација на нејзината имплементација.
Во своето излагање, таа ги претстави и трите главни столба на стратегијата:
· Конкуретнтен национален претприемачки еко систем;
· Пристап до финасии:
· Зелена и дигитална трансформација