„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Честитки на членовите на УО упатени до претседателот на Стопанската комора Бранко Азески

23.04.2025

Составот на двете најважни оперативни тела во Комората (Управниот одбор и Собранието), ветуваат реални активности и експедитивност во исполнување на целите. Тоа го потврдуваат и првичните реакции на членовите на УО на Комората само неколку дена по изборот. Со искрена благодарност за довербата која им е дадена да бидат дел од органите кои во интерес на бизнисот ќе работат на креирање на поволен деловен мабиент.

 

Во продолжение дел од повратните честитки на членовите на УО упатени до претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

 
 

Сите заедно да работиме за напредокот и на компаниите и на општеството.

 
Поздрав

Анатол Кутревски, извршен директор, ПЕКАБЕСКО АД Скопје 

 

Тоа за мене претставува голема чест и одговорност, и се радувам на можноста за заедничка соработка со Вас и со целокупниот тим на Комората во наредниот период. Убеден сум дека заеднички ќе придонесеме за унапредување на деловната клима и за постигнување на значајни резултати во интерес на македонската економија.

 
Со почит,
Никола Андонов, менаџер за извоз, Ал-Мак Струмица
 

Ќе ми биде чест и понатаму да бидам член и да придонесам кон унапредување на нашата работа и подобрување на деловното окружување во Македонија.

 
Секое добро,

Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор Македонија 2025

 

Голема благодарност до претседателот Азески за укажаната доверба.

 
Поздрав од Њујорк,

Александар Манев, извршен директор на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување АД Скопје

 

Искрено му благодарам на претседателот Азески, и се надевам на долга и успешна соработка за што поголемо зајакнување и унапедување на работата на Стопанската Комора на СМ.

 
Со почит,

Ратко Христов (45), директор на Одделот за администрација и финансии СОКОТАБ ДООЕЛ Битола

 

Навистина ми е чест да бидам дел од управниот одобр и со нетрпение очекувам да придонесам кон понатамошниот развој и успех на организацијата.

Ви благодарам уште еднаш за поддршката и довербата.
 
Со почит,
Спасе Спасески, АСП –ПАК Охрид
 
Почитуван претседателе Азески,

Честа што ми е укажана ја прифаќам со голема одговорност и Ве уверувам дека посветено ќе работам на реализација на целите и задачите на Стопанската комора, со особен фокус на финансиската стабилност, дигитализацијата и создавање додадена вредност за нашите членки.

Со помош на Вашето лидерство, уверен сум дека преку отворена соработка, визија и стратешко делување, заеднички ќе изградиме поконкурентна, иновативна и одржлива економија. Ќе се залагам интересите на реалниот сектор да се преточат во конкретни политики и применливи решенија.

Уште еднаш, Ви упатувам голема благодарност за укажаната доверба. Ви стојам на располагање за сè што ќе биде во интерес на Комората, нејзините членови и стопанството во целина.

Со особена почит,

Михајло Борозанов, директор на Дирекција за финансии, Макпетрол АД Скопје

 
 

Благодарам за личната честитка, во надеж дека ќе имаме плодна и успешна работа.

Убав ден,

Ангелка Пеева – Лауренчиќ, извршен директор, Имиџ ПР Скопје

 

Благодарност за извонредната чест која ќе ја прифатам со особена сериозност и посветеност,

 
Средечен поздрав

Марта Наумовска - Грнарова (53), сопственик и генерален директор на Завар компани, Скопје

 

Благодарам многу за честитката, и се радувам на нашата понатамошна соработка!

 
Со почит,
Снежана Савиќ Димовска, Пивара АД Скопје
 

Благодарам за фантастична вест. За мене претставува голем чест.

Поздрав,
Кастриот Арифи, Тиквеш АД
 

Се надевам со дека со моето скромно искуство ќе придонесам за работата на Стопанската Комора. 

 

Со почит 

Никола Мариновски, Кули Конфекција Прилеп