„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Членовите на УО и Собранието ќе работат на остварување на стратешките цели: извоз, образование и регионална соработка

23.04.2025

 Избран е новиот мандатен состав (2025 – 2030 г.) на  Управниот одбор (27) кои во следните пет години согласно нивните професионални квалификации, искуството и посветеноста кон активностите на Комората, ќе имаат клучна улога во реализација на стратешките цели, со особен фокус на извозот, образованието за потребите на бизнисот и регионалната соработка, но и остварување на зацртаните приоритетите, борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, градење правна држава и пазарната економија.